Луѓе кои одбиле да ја примат Нобеловата награда
Системот според кој се доделува Нобеловата наградата е утврден од Алфред Нобел. Оваа награда се дава како признание за поединци или организации за извонредни придонеси за човештвото. Секој победник добива медал, диплома и одредена сума на пари.
Откако започнал во 1901 година, Нобеловиот комитет одобрил, речиси, 600 награди во неколку различни категории, како што се физика, хемија, медицина, економија, литературата и мир.
За многумина луѓе Нобеловата награда е една од највисоките почести. Меѓутоа, во историјата на доделувањето на Нобеловата награда се сретнавме со победници кои не можеле или не сакале да ја прифатат оваа престижна награда.
Ова се некои од нив:
Жан Пол Сартр
Францускиот писател, Жан Пол Сартр, бил еден од најистакнатите претставници на егзистенцијализмот во Франција. Неговото дело „Битие и ништожност“, во кое се изложени теориските основи на егзистенцијализмот, ги има корените во Втората светска војна.
Тој во своето дело ја надминал филозофската перспектива и го измислил концептот на егзистенцијалистичкиот комунизам, кој е маестрално вметнат во неговата книга „Тегобност“ од 1939 година.
Во 1964 година ја добил Нобеловата награда за литература, која ја одбил, бидејќи не сакал да биде институционализиран како писател.
Ле Дук То
Виетнамскиот револуционер и политичар, Ле Дук То, ја одбил Нобеловата награда за мир, што ја добил во 1973 година, за да присуствува на Париската мировна конференција.
На таа конференција бил потпишан крајот на конфликтот во Виетнамската војна. По потпишувањето на договорот насилството продолжило во Виетнам.
„Во таквите услови не е можно да се прифати Нобеловата награда за мир“, изјавил Ле Дук То. Останатите четири добитници на Нобеловата награда за мир, исто така, го одбиле признанието, бидејќи на некој начин биле принудени на тоа.
Борис Леонидович Пастернак
Рускиот писател ја одбил Нобеловата награда за литература во 1958 година. Неговиот роман, „Доктор Живаго“, поради „либералноста“ бил забранет во СССР.
Пастернак ја добил наградата за книгата, но ја одбил поради стравот од советскиот режим.
Герхард Домаг
Германскиот патолог и бактериолог ја добил Нобеловата награда за медицина во 1939 година која ја одбил, но не по неговата волја. Наградата ја добил поради првиот комерцијален антибиотик.
По добивањето на Нобеловата награда го уапсила германската полиција, а кога го пуштиле тој објавил дека нема да ја прифати наградата што ја добил од Нобеловиот комитет.
Адолф Бутенант
Бутенант е уште еден научник кој ја одбил Нобеловата награда за медицина поради нацистичкиот режим.
Признанието му било доделено во 1939 година, поради неговата пионерска работа на половите хормони. Во согласност со нацистичката политика, тој ја одбил наградата, но во 1949 година ја прифатил.
Тој бил член на Нацистичката партија, а се тврдело дека учествувал во проекти кои биле поврзани со воените активности на Германија.
Ашера | Црнобело