Навики на луѓето кои никогаш не се под стрес

Стресните ситуации во денешното динамично темпо на живот се речиси неизбежни, но важно е како ќе реагирате на нив.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-01.jpg

Поголем дел од луѓето се секојдневно под стрес и страдаат на секое поле, токму од оваа причина.

Но, има и такви луѓе кои знаат како да му се спротивстават на стресот, знаат да најдат начин да се развеселат и да уживаат во животот.

Овие луѓе треба да ни бидат пример, а нивните навики кои им помагаат во тоа се следниве:

1. Не се срамат да побараат помош и не се трудат да направат сè сами, независно дали станува збор за чување дете или соочување со проблем.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-02.jpg

2. На прво место ги ставаат добриот сон, балансираната исхрана и активниот животен стил.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-03.jpg

3. Се грижат за менталното здравје, зборуваат отворено за тоа со пријатели или со професионалци и не дозволуваат проблемите во главата да ги победат.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-04.jpg

4. Избегнуваат драма во животот, не се оптоваруваат со озборување и грижење за туѓите животи – си ја гледаат својата работа.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-05.jpg

5. Имаат мрежа на неколку пријатели на кои можат да се потпрат, а не безброј луѓе околу нив кои не можат да им се најдат кога им се потребни.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-06.jpg

6. Ги прават работите што ги сакаат, си ги остваруваат целите, се грижат за својата среќа и знаат како да си го исполнат животот.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-07.jpg

7. Не одат на работа кога се болни и знаат дека ќе биде поефективно ако оздрават дома и потоа се вратат посилни и подобри.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-08.jpg

8. Се смеат, се забавуваат и уживаат во животот, без да ги ставаат грижите на прво место.

naviki-na-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-pod-stres-09.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg