Темпераментот е нешто што си го носиме од раѓање, вродено и наследено од семејството. Самата генетика прави чуда, па така уште од раѓањето на вашето дете може да се заклучи кој темперамент го носи. Темпераментот не се менува, но сепак е базата од кое подоцна се креира карактерот и однесувањето.