Работи што несвесно ги правите поради вашата токсична (и нереална) желба за совршенство

Дали си поставувате луди цели кои знаете дека е невозможно да ги постигнете, а потоа се казнувате бидејќи се случило токму тоа? А, дали сте опседнати со туѓото мислење за вас и не можете да прифатите дека некои луѓе, едноставно, нема да ве сакаат?

raboti-shto-nesvesno-gi-pravite-poradi-vashata-toksichna-i-nerealna-zhelba-za-sovrshenstvo-01.jpg

Токсичната желба за совршенство не значи дека секогаш успевате да го достигнете тоа совршенство. Оваа токсична желба е она што ве тера да мислите дека буквално сè што правите мора да биде совршено.

Проблемот е што совршенството не постои, па бидејќи не можете да го достигнете, се казнувате и се однесувате многу строго кон себе.

Неколку постапки што се знак дека имате токсична желба за совршенство:

Си поставувате луди цели

Иако знаете дека е невозможно, си поставувате цел да ослабите пет килограми за една недела. Или, си давате задача да го поминете целиот материјал за испит за една вечер.

Дури и кога сте свесни дека некоја цел е нереална, вие сепак си ја поставувате. Вашата желба за совршенство ве тера да мислите дека треба да работите понапорно од другите, дека треба да страдате за да постигнете некоја цел и никогаш да не се задоволите со просечен резултат.

Проблемот е што е невозможно да ги исполните овие нереални цели, и на крај само се чувствувате разочарано.

raboti-shto-nesvesno-gi-pravite-poradi-vashata-toksichna-i-nerealna-zhelba-za-sovrshenstvo-02.jpg

Горди сте што немате време за спиење

Токсичната желба за совршенство ве тера да мислите дека спиењето е трошење време, па дури и слабост. Па, вие сте горди што постојано сте зафатени и целосно го запоставувате вашето здравје.

Убедени сте дека треба да ги стигнете вашите цели по секоја цена, дури и на сметка на вашето здравје.

Опседнати сте со планери

Добро е да имате планер кој ќе ви помогне да си го организирате времето, но не треба да ви биде опсесија.

Ако во вашиот планер има толку многу обврски, што никогаш не стигнувате да ги завршите сите, веројатно имате токсична желба за совршенство.

Планерот треба да ви биде како помошник, а не да управува со вашиот живот.

И, нормално е да не бидете екстра продуктивни секој ден.

raboti-shto-nesvesno-gi-pravite-poradi-vashata-toksichna-i-nerealna-zhelba-za-sovrshenstvo-05.jpg

Опседнати сте со исхрана или фитнес

И здравата исхрана, и физичката активност се неопходни за да го одржиме здравјето. Но, не треба да ни бидат опсесија.

Ако се казнувате секојпат кога ќе изедете еден ред чоколадо или ако вежбате до тој степен што ви се јавува вртоглавица и мачнина, тогаш нешто не е во ред.

Сето ова е резултат на вашата токсична желба за совршенство.

Се казнувате за просечни резултати

За вас е незамисливо да постигнете просечен резултат, без разлика на што работите, па кога ќе се случи тоа, се казнувате.

Вие чувствувате вина само затоа што не сте најдобри во нешто, дури и ако сте релативно добри во тоа.

raboti-shto-nesvesno-gi-pravite-poradi-vashata-toksichna-i-nerealna-zhelba-za-sovrshenstvo-03.jpg

Постојано ги прегледувате вашите објави на социјалните мрежи

Дали опсесивно ги прегледувате вашите објави на социјалните мрежи, обидувајќи се да воочите дали изгледате добро воочите на другите?

Нормално е да сакате да оставите добар впечаток, но кога ова се претвора во опсесија, дефинтивно имате проблем со токсична желба за совршенство.

Ги одложувате обврските

Можеби звучи чудно, но желбата за совршенство може да ве парализира и да ве натера да ги одложувате обврските.

Бидејќи сè што правите сакате да биде совршено, притисокот што го создава ова сигурно ќе ве обесхрабри.

Па, останувате заглавени во циклус каде што се присилувате да направите нешто совршено, но токму поради тоа не можете ни да почнете.

raboti-shto-nesvesno-gi-pravite-poradi-vashata-toksichna-i-nerealna-zhelba-za-sovrshenstvo-04.jpg

Не можете да прифатите дека на некои луѓе нема да им се допаѓате

Токсичната желба за совршенство ве тера постојано да се фокусирате на туѓото мислење за вас.

Поради ова, премногу сте свесни за луѓето на коишто не им се допаѓате и тешко ви е да прифатите дека во животот ќе има многу вакви личности.

Исто така, кога ќе сфатите дека некој нема најдобро мислење за вас, ви станува опсесија да го промените тоа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат „Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg