Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто треба да ја менувате навлаката на перницата за спиење најмалку еднаш неделно?

Ако не ја менувате навлаката на перницата, на неа можат да се појават бубачки познати како прашински грини, бидејќи тие се хранат со мртвите клетки кожа кои можат да се акумулираат со текот на времето.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-navlakata-na-pernicata-za-spienje-najmalku-ednash-nedelno-01.jpg

Препорачливо е постелнината за спиење да ја менувате еднаш неделно. Но кога станува збор за навлаките на перниците, добро е да го правите ова и почесто – околу двапати неделно.

Неколку причини зошто:

За да ги избегнете прашинските грини

Прашинските грини се мали бубачки кои се практично невидливи со голо око. Овие бубачки ги има во сечиј дом, а ако се во голем број, можат да предизвикаат алергиски реакции.

За овие бубачки перниците и душеците се совршено место за спиење ако заборавате да ја промените постелнината.

Додека спиеме, на перницата оставаме мртви клетки кожа кои се акумулираат и им служат како храна на бубачките, па затоа и ги привлекуваат.

Со честото менување на навлаката ќе ги отстраните мртвите клетки и речиси целосно ќе ја избегнете појавата на овие бубачки во вашиот кревет.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-navlakata-na-pernicata-za-spienje-najmalku-ednash-nedelno-02.jpg

За да ги избегнете акните и проблемите со кожата

Дури и ако темелно го миете лицето пред спиење, маслата што се лачат од кожата завршуваат на навлаката.

Покрај тоа, во текот на ноќта се потиме, а и бактериите и нечистотиите од нашата коса исто така завршуваат на перницата.

Сето ова може да предизвика иритација на кожата, па дури и појава на акни.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-navlakata-na-pernicata-za-spienje-najmalku-ednash-nedelno-03.jpg

За да не ја оштетите косата

Нечистотиите од навлаката можат да завршат на вашата глава и да го иритираат скалпот.

А, кога скалпот не е во најдобра состојба, тогаш страда и вашата коса.

Прашинските грини, пак, можат да предизвикаат паѓање на косата ако се во многу голем број.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-navlakata-na-pernicata-za-spienje-najmalku-ednash-nedelno-04.jpg

За да го подобрите квалитетот на сонот

Веќе спомнавме дека прашинските грини можат да предизвикаат алергиска реакција кај некои луѓе.

Ова алергија предизвикува симптоми како кивање, чешање и црвенило на очите, затнат нос, кашлање и слично. Сите овие симптоми можат да влијаат врз квалитетот на сонот.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-navlakata-na-pernicata-za-spienje-najmalku-ednash-nedelno-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg