11 предупредувачки знаци дека се соочувате со лоша личност
Тие се манипулативни, секогаш имаат скриени намери и прават да мислите дека е ваша вина секоја лоша ситуација. Опседнати се да имаат контрола врз сè што се случува и ако на миг изгубат контрола врз работите, се чувствуваат како да се распаѓаат.
Секој од нас се води од интуицијата на моменти. Гласот одвнатре знае да ни каже дали се соочуваме со лоша личност или не.
Сепак, ако ова ваше сетило затаи, тогаш треба да ги знаете предупредувачките знаци дека се соочувате со лоша личност.
Некои одлики на лошите личности:
- Се „хранат“ од туѓата несреќа и обожаваат да прераскажуваат за несреќите на другите луѓе.
- Имаат извртени гледишта на реалноста и си прават некоја своја верзија на вистината за одредени настани.
- Имаат навика да ја извртуваат вистината за да ги убедат луѓето да ја заземат нивната страна.
- Лажат компулсивно и не се грижат ако со лагите ви донесат несреќа.
- Се случува да не сакаат животни, едноставно немаат емпатија за другите суштества на светот.
- Прават да се чувствувате мало и безначајно и секогаш во фокусот се нивните интереси, страсти и стравови.
- Тие се манипулативни, секогаш имаат скриени намери и прават да мислите дека е ваша вина секоја лоша ситуација.
- Не се каат кога ќе повредат некого или ќе направат лошо дело.
- Опседнати се да имаат контрола врз сè што се случува и ако на миг изгубат контрола врз работите, се чувствуваат како да се распаѓаат.
- Не ја разбираат болката на другите луѓе, ниту се заинтересирани да ги ислушаат нивните проблеми.
- Ќе направат сè за да ве спречат да постигнете успех и ќе се потрудат да ви ја нарушат самодовербата.
С. С. | Црнобело