„Живеам на 5 часа возење од најблиската продавница и ја посетувам еднаш во 2 месеца – како изгледа целата авантура?“

Хилари и сопругот живеаат во изолирана област во Канада, а за да стигнат до најблиската продавница треба да возат пет часа во еден правец. Поради ова, тие ја посетуваат продавницата еднаш во два месеца, па мораат да направат детален план  за купување намирници.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-01.jpg

Хилари Месер Бароу и нејзиниот сопруг живеат во Јукон – изолирана област во Канада.

Таа и сопругот живеат во заедница со околу 90 жители, а за да отидат до најблиската продавница треба да возат дури пет часа во еден правец.

Бидејќи повеќето од нас сме навикнати продавниците да ни бидат на пет минути одење пеш, начинот на живот на Хилари дефинитивно е зачудувачки.

Таа и сопругот одат на шопинг еднаш во два месеца, што значи треба да обрнат внимание на секоја ситница, бидејќи немаат можност да се вратат назад ако заборават да купат нешто.

За Insider Хилари споделува како изгледа одењето во маркет за неа и сопругот:

Потребна е многу добра организација

Пред да тргнат на пат, Хилари и сопругот треба да ги испланираат сите нивни оброци за наредните шест до осум недели.

„Најпрво запишувам кои намирници ги имаме дома. Потоа запишувам кои намирници ни се потребни и правам шопинг листа“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-04.jpg

Покрај купувањето храна, тие завршуваат и други обврски во градот

Бидејќи одат во градот еднаш во два месеца, Хилари и сопругот тогаш мораат да ги завршат и другите обврски во градот.

„Обично прво одиме во продавницата за храна, па потоа во продавница за предмети што ни требаат во домот, па купуваме храна за кучето, одиме на бензиска и некогаш одиме и на заболекар и во салон за убавина“.

Обично мораат и да преноќат некаде

Хилари вели дека во зима ноќите траат по 20 часа, а ова значително го отежнува возењето. Но дури и во лето, мораат да одморат по пат бидејќи треба да возат десет часа во двата правци.

„Во зима најчесто одиме во хотел. Во лето знаеме и да кампуваме. Сакаме да сме во природа и кампувањето дефинитивно е поевтина варијанта“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-02.jpg

Мораат добро да го подготват автомобилот

Во зима, температурите се спуштаат и до -45 степени Целзиусови. Интересно е што за да го спречат замрзнувањето на храната по пат, тие користат преносни фрижидери кои имаат повисока температура од надворешната.

„Исто така, мораме да понесеме облека кога преспиваме, но и екстра дебела облека во случај да ни се расипе автомобилот по пат.

Имаме и куферче за итна помош, а имаме и сателитски телефон бидејќи немаме мрежа на телефоните. Со нас го земаме и нашето куче, па носиме храна за него“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-03.jpg

Кога ќе стигнат во градот, ги делат обврските

Бидејќи треба да завршат многу работи во еден ден, Хилари и сопругот секогаш ги делат обврските.

„Влегуваме во продавница и двајцата имаме посебна шопинг листа. Ги полниме количките до врв бидејќи купуваме намирници за неколку недели.

Некогаш купуваме и работи за нашите пријатели и соседи во заедницата – и тие го прават истото за нас. Некогаш, пак, некои работи нарачуваме онлајн додека сме во градот за да заштедиме време“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-05.jpg

Редењето на продуктите во автомобилот е вистински предизвик

„Во зима мораме да бидеме особено внимателни со зеленчукот. Ако не внимаваме, може да замрзне и да стане неупотреблив. Во лето ги пакуваме млечните производи и месото во фрижидери за да не се расипат“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-06.jpg

Патот до дома е долг, но убав

Иако треба да поминат многу километри, Хилари вели дека пејзажите по пат се спектакуларни.

„Во зима, снегот блеска и наоколу има диви животни. Некогаш гледаме и волци. Во лето по патот има гризли мечки“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-07.jpg

За Хилари, најдосадниот дел од авантурата е редењето на намирниците

„Штом ќе стигнеме дома, продуктите треба да бидат наредени внимателно. Ова одзема повеќе време од очекуваното. По цел ден шопинг и пет часа возење, некогаш не ми се прави тоа.

Кога ќе се вратиме, исто така треба да го исчистиме и автомобилот“.

zhiveam-na-5-chasa-vozenje-od-najbliskata-prodavnica-i-ja-posetuvam-ednash-vo-2-meseci-kako-izgleda-celata-avantura-08.jpg

Иако е предизвик, Хилари ужива во овој начин на живот

Хилари вели дека некои од нивните соседи живеат таму со децении, па се експерти за овој начин на купување. Со текот на времето, и таа научила да ужива во авантурата.

„Кога првпат се преселив овде, бев изненадена од ентузијазмот на соседите за одење во продавница. Не го гледаа како предизвик, туку како можност. Тоа им беше шанса да отидат до градот. Се восхитував на нивната перспектива, па и јас ја прифатив.

Сето ова ме научи да се адаптирам. Ме натера да размислувам за различниот начин на живот што го водат луѓето надвор од градовите. Сега нема шанси да го заменам 10-часовното возење со продавница преку улица“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg