Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Грешки што (несвесно) ги правите во 20-тите, за кои најмногу ќе се каете

„Не ставате крем со заштитен фактор. Јас не ставав во 20-тите и сега на 35 години кожата ми е ужасна“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-01.jpg

Годините навистина носат мудрост, па секогаш можеме да научиме нешто од повозрасните и поискусните.

Оние кои се постари од вас ги поминале годините што вие ги живеете сега и многу добро знаат каде потфрлиле или што направиле погрешно кога биле на ваша возраст.

Па, нивните совети можат да помогнат да ги избегнете грешките што ги направиле тие.

Неколку корисници на Редит ги споделија грешките што ги направиле во 20-тите, а за кои сега се каат.

Дел од нив во продолжение:

„Не уживате во животот. Во 20-тите имате најголема слобода и најмалку обврски. Го имате целиот живот да работите напорно и да се жртвувате.

Нема ништо лошо во тоа да поуживате барем неколку години од животот. Не велам да заглавите во долгови, но купете си ја маичката што ви се допаѓа“.

„Не се грижите за вашите заби. Четката за заби, средството за плакнење уста, пастата и конецот за заби заедно чинат релативно малку. Поправањето на забите и операциите подоцна во животот можат да чинат цело богатство“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-02.jpg

„Ми се доближува 30-тиот роденден и морам да кажам дека посакувам да водев подобра грижа за себе порано. Помеѓу 18 и 22 години пиев алкохол скоро секоја вечер и се изгладнував. Никогаш не вежбав. Сега ги чувствувам последиците“.

„Менталното и физичкото здравје заслужуваат повеќе внимание. Постојаното пиење алкохол за време на забави не е толку ’кул‘ како што изгледа“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-03.jpg

„Изолирањето од пријателите и семејството и останувањето на работно место што ви ја убива душата не вреди. Исто така, престанете да мислите дека само затоа што не сте ги постигнале сите цели што сте ги замислувале во деството, вие сте неуспех“.

„Не ставате крем со заштитен фактор. Јас не ставав во 20-тите и сега на 35 години кожата ми е ужасна“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-04.jpg

„Не преземате ризици. Да, важно е да бидете одговорни, да штедите и слично, но 20-тите се период кога треба да ризикувате. Дури и да не успеете, ќе имате време да се вратите на нозе“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg