Грешки што (несвесно) ги правите во 20-тите, за кои најмногу ќе се каете

„Не си дозволувате неуспех. 20-тите се одличен период да откриете кои сте и што сакате. Ова бара храброст да пробувате нови нешта, од кои повеќето ќе се покажат како неуспешни.

Но, тогаш сте доволно млади да ја поправите скоро секоја грешка. Подоцна во животот нема да можете да си дозволите толку многу грешки“.

„Користите алкохол, лекови, па дури и наркотици за да се справите со негативните емоции. Немојте“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-06.jpg

„Трошите време на врски со луѓе кои не ви се ни допаѓаат“.

„Не учите. И не зборувам само за факултет. Во 20-тите е многу полесно да ја на учите основата на некој јазик, инструмент, како да сурфате… Користете го вашиот мозок!“

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-07.jpg

„Не патувате и не истражувате. Никогаш нема да се чувствувате послободно и нема да зажалите за ниту едно патување“.

„Се дружите со пријатели со кои повеќе немате ништо заедничко, само затоа што се чувствувате обврзани да го правите тоа“.

greshki-shto-nesvesno-gi-pravite-vo-20-tite-za-koi-najmnogu-kje-se-kaete-spored-postari-lichnosti-08.jpg

„Ѝ дозволувате на вашата страст да умре. Ако навистина сакате нешто, ве молам не се откажувајте од тоа. Или ќе живеете доволно долго за да го постигнете, или ќе знаете дека барем сте се обиделе“.

„Животот не е трка. Не е важно дали некој друг се венча, се сели во нов дом или има дете. Движете се со ваше темпо. Немојте да мислите дека сте зад другите“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg