Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам – Што да правам?

„Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги нахранам мачките. Воопшто не ми беше дојдено до варење кафе или хранење мачки, но знаев дека нема да стане од креветот сѐ додека јас не го направам тоа“.

prashuvam-za-prijatel-samo-shto-se-vrativ-od-bolnica-a-soprugot-ochekuva-da-mu-gotvam-i-da-go-sluzham-shto-da-pravam-01.jpg

Иако во голема мера се чини дека сме напреднати и дека веќе работите не се делат на машки и на женски, сепак изгледа постојат голем број поединци кои веруваат дека готвењето и служењето во домот е само женска работа.

Така, една анонимна читателка испрати писмо до колумнистка на New York Post, Аби па ѝ се пожали дека нејзиниот разгален сопруг воопшто нема обѕир дека таа излегла од болница неодамна, па постојано кука и се жали како во домот нема ништо за јадење.

Во продолжение писмото на читателката во целост:

„Само што ме пуштија од болница и се сомневам дека сопругот е нервозен и чека да му зготвам ручек. Не ми вели ништо директно во стилот: ‘Стани да зготвиш нешто’, но постојано се жали за опциите за јадење што ги има – путер од кикиритки, смрзнати остатоци од храна и слично.

Јас сум на прехрана сo течности и не се чувствувам добро. Во моментов сум доволно добра за да ме пуштат од болница, но далеку сум од тоа да бидам 100% добра. Сопругот не се понуди ниту да ми свари шолја чај.

Наместо тоа, првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги нахранам мачките. Воопшто не ми беше дојдено до варење кафе или хранење мачки, но знаев дека нема да стане од креветот сѐ додека јас не го направам тоа.

Вчера, јас си направив вечера, а тој се жалеше дека не може да јаде пилешка супа и ориз. Па, сега ми бара ручек.

Во брак сме 40 години. Тој беше добар сопруг, но откако се пензионира стана себичен и намќорест. Не сум веќе сигурна дека сакам целиот живот да го поминам грижејќи се сама за себе и за мојот сопруг-бебе.

Додека го слушам како се жали, а мене сѐ ме боли и немам сила, ми доаѓа да заплачам. Секоја критика ја сфаќа лично. Ние отсекогаш сме биле две мошне тврдоглави индивидуи, но сега не можам да му се спротивставам – немам сила.

Ми треба да застане и да се грижи за мене, но се плашам дека ако му кажам како се чувствувам само ќе се скараме и ништо нема да променам“.

prashuvam-za-prijatel-samo-shto-se-vrativ-od-bolnica-a-soprugot-ochekuva-da-mu-gotvam-i-da-go-sluzham-shto-da-pravam-02.jpg

Одговорот на Аби во продолжение:

„Најважно е да се фокусираш на сопственото здравје и да станеш посилна. Следен чекор е да му кажеш на твојот мрзелив и себичен сопруг што очекуваш и што ти треба од него.

Тоа значи дека тој треба да направи кафе, да ги нахрани животните и да си купи тоа што му треба за да си направи ручек за себе, но и за тебе, ако ти треба.

Тоа е суштината на партнерските односи. А, ако не може да го направи тоа, треба да ти каже за да знаеш како да се подготвиш.

Не сум сигурна дали ти сама си го разгалила сопругот или тој бил таков кога сте стапиле во брак, но тој треба да знае дека ако ја очекува твојата помош тогаш кога и тој самиот ќе биде болен и повреден, сега треба да се вложи.

Ако тој не може да ти помогне, побарај некоја пријателка или роднина што може да ти помогне додека не почнеш да се чувствуваш подобро“.

prashuvam-za-prijatel-samo-shto-se-vrativ-od-bolnica-a-soprugot-ochekuva-da-mu-gotvam-i-da-go-sluzham-shto-da-pravam-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg