Киднапирал девојче, лажел дека му е ќерка, па ја натерал да се омажи за него – вистинската приказна зад новиот морничав документарец на Нетфликс
Girl in the Picture e нов документарец на Нетфликс инспириран од случајот на Френк Флојд – убиец и педофил кој ја киднаппирал ќерката на неговата сопруга, ја изгледал како негова ќерка, ја присилил да се омажи за него и на крај веројатно и ја убил.
Новиот документарец на Нетфликс – Girl in the Picture – ја згрози јавноста и веќе е опишуван како „најстрашниот и најморничавиот“ крими-документарец на стриминг платформата.
Документарецот ги прикажува монструозните злодела на Френк Делано Флојд - убиец и силувач кој моментално ја чека неговата смртна казна во затвор во САД - и се фокусира на случајот со Сузан Севакис.
Сузан била втора сопруга на Френк, но дури по нејзината смрт полицијата открила дека тој ја киднапирал додека била дете, ја претставувал како негова ќерка, а потоа ја присилил да стапи во брак со него. Според доказите, Френк најверојатно и ја силувал.
Френк и Сузан
Во период од 30-тина години, Френк ограбил банка, злоупотребувал деца, киднапирал и убивал.
Бил роден во 1943 година во Џорџија, САД. Татко му починал кога имал една година, по што мајка му го испратила да живее во дом за сираци.
Според книга напишана за неговиот случај – A Beautiful Child – во домот Френк бил сексуално злоупотребуван од другите деца на само 6-годишна возраст, а трпел и малтретирање од вработените.
Тој го напуштил домот на 16-годишна возраст, кога пробал да ѝ се приклучи на војската. Френк морал да лаже за неговата возраст.
Сепак, по шест месеци неговите надредени откриле дека им дал лажни документи, па го избркале.
Френк Флојд
Тој период Френк првпат го прекршил законот – пробал да украде оружје, но бил фатен од полицијата и испратен во поправен центар за млади лица.
Овде останал околу една година.
Во 1962 година Френк сексуално нападнал 4-годишно девојче. Полицијата успеала да го фати и добил казна затвор од 10 до 20 години, но само една година подоцна успеал да избега.
Не поминало долго пред Френк да ограби банка, за повторно да биде уапсен.
Френк Флојд
Во 1972 година Френк бил ослободен, но само една недела подоцна нападнал жена и пробал да ја силува. За среќа, жената избегала и тој повторно бил уапсен.
Но, му дозволиле да излезе со кауција.
По ова Френк си го променил името во Брендон Вилијамс и се преселил во Северна Каролина. Овде тој ја запознал Сандра (или Сенди) Чепман со која почнал врска.
Лични документи на Френк со лажни имиња
Сенди имала четири деца од претходни врски – Сузан Мери Севакис од првиот сопруг, како и Алисон, Ејми и Филип од вториот.
Френк и Сенди стапиле во брак, но во 1975 година таа била уапсена за користење лажни чекови. За ова добила 30-дневна казна затвор. Додека ја отслужувала казната, Френк бил одговорен за нејзините деца.
Но, кога излегла на слобода, Сенди го начекала нивниот дом празен, а од Френк и од децата немало ни трага ни глас.
По некое време Сенди ги нашла двете ќерки – Алисон и Ејми – во црковна заедница. Синот Филип некако завршил кај ново семејство кое го посвоило, а таа го открила дури во 2019-та.
Но, од најстарата ќерка Сузан немало никаква трага.
Сузан
Френк ја зел Сузан и почнал да ја претставува како негова ќерка. Ѝ го променил името во Шерон Маршал и со години се преправал дека ѝ е татко.
Сузан сонувала да стане инженер, па дури и добила стипендија за Институтот за технологија во Џорџија. Но, Френк ја присилил да се пресели во Флорида со него и да работи како стриптизета.
Тој период Сузан била бремена, но наводно детето не било на Френк.
Сузан
Откако се преселиле, Сузан уште еднаш го променила името – овојпат во Тоња Дон Хјуџес – па била присилена да се венча со Френк.
Сузан го родила синот Мајкл, а набрзо потоа повторно била присилена да се пресели со Френк, сега во Оклахома.
Во 1990 година во Оклахома, Сузан била најдена без свест на еден автопат. Во болницата им подлегнала на повредите, а детективите сметале дека била удрена од автомобил.
Според информациите до кои дошла полицијата, Сузан сакала да побегне од Френк со момче со коешто имала тајна врска. Полицијата била убедена дека Френк е оној што ја удрил со автомобил, но немале докази за да го приведат.
Сузан
Синот на Сузан, Мајкл, бил однесен во дом за сираци, а потоа бил и посвоен.
Френк можеби ќе се извлечел, но во 1994 година, кога синот на Сузан тргнал во прво одделение, тој влегол во училиштето со пиштол и го киднапирал.
На полицајците им биле потребни неколку недели да ги најдат Френк и малото момче и на крај успеале да го уапсат во Кентаки, но синот на Сузан не бил со него.
Таму Френк пробувал уште еднаш да си го промени идентитетот, но по него веќе била пуштена потерница низ целата држава и брзо бил откриен.
Синот на Сузан - Мајкл
Френк бил прогласен за виновен за киднапирање, за што добил 55 години затвор. Бил обвинет и за убиство, за што добил смртна казна.
Кога бил уапсен, полицијата не била свесна која е всушност починатата Сузан. Но, во текот на истрагата откриле експлицитни фотографии од неа што ги направил Френк, уште додека била дете, и со текот на времето сфатиле која е.
Полицијата уште не знае што се случило со малиот Мајкл, но наводно во 2015 година Френк признал дека го убил речиси веднаш откако го киднапирал.
Денес Френк има 78 години и ја чека неговата смртна казна во затвор во Флорида.
Во продлжение трејлерот за документарецот кој детално ја раскажува трагичната приказна на Сузан и монструзните злодела на Френк:
Спирова С. | Црнобело