Многу малку задоволства во лето може да се споредат со сладењето со ладна свежа лубеница. Замислете си ги сите летни додатоци за на плажа во знакот на ова омилено летно овошје. Гуми за пливање, кружни пешкири, чадори за сонце, торби за плажа, па сè до вашиот костим за капење и шеширот за сонце. Зарем има поубав и повесел мотив за лето? Оваа сезона подновeте се со модни додатоци за на плажа во знакот на нејзиното височество - лубеницата...