Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како затворената врата од вашата соба може да ви го спаси животот?

Меѓу другите вечерни рутини кои ги практикувате пред спиење, треба да вклучите и задолжително затворање на вратата од спалната соба.

kako-zatvorenata-vrata-od-vashata-soba-mozhe-da-vi-go-spasi-zhivotot-01.jpg

Иако ретко кој ја затвора вратата од собата каде спие, ваквиот потег може да ви го спаси животот во случај на пожар. Затворената врата ќе го забави ширењето на пламенот во собата и ќе го редуцира протокот на отровен чад.

Просечното време за кое луѓето може да се спасат од огнот е три до 17 минути. Ризикот за брзо ширење на пожарот расте со сè поголемата употреба на синтетички материјали во производството на мебел, па затворената врата ни дава некоја минута плус за спасување.

kako-zatvorenata-vrata-od-vashata-soba-mozhe-da-vi-go-spasi-zhivotot-03.jpg

Многу луѓе спијат со отворена врата бидејќи мислат дека на тој начин се побезбедни, но според противпожарните служби, тоа е сосема погрешно, бидејќи буквално му се дава пат на огнот и чадот да стигнат до вас пред воопшто да се освестите дека нешто не е во ред.

Во кампањата „Close Before You Doze“ се истакнува важноста на затворената врата и како таа може да спаси животи.

Погледнете го тоа во ова видео:

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg