Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сурови вистини кои мажите мора да ги прифатат

Порекнувањето на реалноста е можеби опција за луѓето со слаб карактер. Но, доколку сакате низ животот да чекорите со бистар ум и обете нозе на земјата, подобро е навреме да се подготвите за сето она што неизбежно ве очекува.

surovi-vistini-koi-mazhite-mora-da-gi-prifatat-1.png

Постојат мноштво нешта кои се неминовни во животот. А, овојпат ќе се сконцентрираме на оние кои се поврзани со припадниците на посилниот пол.

Петте сурови вистини кои мажите мора да ги прифатат се:

1. Порано или подоцна ќе оќелавите...

Во поблиска или подалечна иднина, веќе не ќе може да сокриете дека ја губите косата. Дури ни чешлањето во стилот на Доналд Трамп нема да ви помогне.

Единственото што ви преостанува е да ја избричите главата и пуштите брада како Џејсон Статам. А, ако сте баш несигурни во себе, секогаш може да направите трансплантација на коса, налик на милијардерот Илон Маск.

surovi-vistini-koi-mazhite-mora-da-gi-prifatat-2.png

2. Ќе умрете еден ден...

Не би сакале да ве растажиме, ама вашата коса не е единственото нешто кое има рок на траење. Бубашвабите и Кит Ричардс можеби ќе бидат последните преживеани на земјата, дури и после апокалипсата.

Но, за сите останати луѓе, смртта е неизбежнa, исто како и новото селфи на Ким Кардашијан.

surovi-vistini-koi-mazhite-mora-da-gi-prifatat-3 (2).jpg

3. Нема да сте најдобри во сѐ...

Повеќето луѓе нема да се најдобри во ништо. Во ниту една работа, а камоли во сѐ. Бидете среќни што некој мисли дека сте доволно корисни за да ви дава плата секој месец.

За сето останато – не вреди да се грижите.

surovi-vistini-koi-mazhite-mora-da-gi-prifatat-4.jpg

4. Убавината на жена ви ќе избледи со годините...

Избраничката на вашето срце нема вечно да биде млада и занесна. А, за волја на вистината, ништо поубава нема да е ни нејзината глетка, кога наутро ќе се разбуди покрај вас.

surovi-vistini-koi-mazhite-mora-da-gi-prifatat-5.jpg

5. Ќе преживеете многу разочарувања...

Очекувајте страдание и болка. Соништата нема да ви исполнат. Личноста што ја сакате веројатно нема да ви ја возврати љубовта. А, иритантниот и мрзлив колега што седи отспротива во кацеларијата, сигурно ќе напредува повеќе во кариерата. 

Сѐ е тоа дел од животот, па колку поскоро се подготвите за неизбежните разочарувања, толку полесно ќе се носите со нив кога ќе дојдат на ред.

surovi-vistini-koi-mazhite-mora-da-gi-prifatat-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg