Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неможноста да заспиете во туѓ кревет е сериозна појава и има и научно име

Доколку успевате да заспиете каде било, во кој било кревет, тогаш вие сте едни од ретките кои не страдаат од „ефектот на првата ноќ“.

nemozhnosta-da-zaspiete-vo-tugj-krevet-e-seriozna-pojava-i-ima-i-nauchno-ime-01.jpg

Сепак, поголема е веројатноста дека сте од оние кои и по долго и напорно патување не успеваат да се одморат бидејќи се во друга соба и лежат во друг кревет. Ова е особено изразено кај луѓето кои цел живот го поминале во истиот дом, во истата соба и во исто или слично опкружување. На оние кои често патуваат и се селеле повеќепати, прилагодувањето им е многу полесно.

Една од причините зошто тоа се случува е затоа што во непозната средина, нашите мозок и тело детектираат потенцијална опасност од непознатото. Со други зборови кажано, мозокот се става во „ноќна смена“ и останува делумно буден за да може да го стимулира телото да се разбуди и да реагира при опасност.

nemozhnosta-da-zaspiete-vo-tugj-krevet-e-seriozna-pojava-i-ima-i-nauchno-ime-02.jpg

Она што дополнително го попречува мирното спиење се и непознатите звуци кои доаѓаат однадвор или од другите соби во хотелот или сместувачкиот капацитет. Во такви ситуации, мозокот се обидува да го детектира потеклото на звукот.

Најлесното решение би било повеќе да патувате и да се навикнувате на различни места, но доколку не сте во можност за тоа, почнете со преспивање кај роднини и пријатели. Користете пригушувачи за звук во ушите за да можете полесно да ги игнорирате звуците кои ви пречат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg