Фрази кои никогаш не треба да ги помислувате и изговарате ако сакате да успеете во животот

Човекот сам на себе може да си биде најверен пријател или најлош непријател – изборот го носи сам.

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-01.jpg

Обрнете внимание на вашето однесување, на зборовите кои ги кажувате и помислувате, како и на начинот на кој гледате на работите.

Дали сите овие работи ви носат чувство на среќа? Дали мислите ви предизвикуваат насмевка на лицето и може да кажете за себе дека сте добра и позитивна личност?

Или пак, сте од оние кои постојано бурно реагираат на секоја ситница и изговараат зборови за кои подоцна се каат, или едноставно предизвикуваат неубаво чувство?

За да го избегнете тоа, треба да избегнувате одредени фази, кои влијаат лошо на расположението и на вашето гледање кон работите, заради што одите по надолна линија. 

Фрази кои треба да избегнувате да ги помислувате и изговарате ако сакате поубав живот:

„Што и да се случи – насмевни се“

  • Не треба да ги прикривате емоциите, ако сте тажни – плачете, ако сте нервозни – удирајте во перница

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-02.jpg

„Сè можеше да биде поинаку“

  • Не постои временска машина, животот е бесконечен избор со милион опции, откажете се од каењето

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-03.jpg

„Што ќе кажат луѓето?“

  • Мислењето на другите е важно само во еден случај – ако ви помага во работата,приватниот живот или развојот

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-04.jpg

„Најдобар начин да направите нешто како што треба е да го направите сами“

  • Секако дека некогаш вие најдобро ги правите работите, но не мора да ја контролирате секоја ситуација – дозволете некој да направи грешка

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-05.jpg

„Нема да правам ништо, ако треба, само ќе си дојде“

  • Секогаш треба да наоѓате инспирација да направите нешто подобро за вас и да ја подобрите ситуацијата – ништо нема да падне од небо

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-06.jpg

„Сè е ужасно и ќе биде уште полошо“

  • Не мора да го гледате светот преку розови очила, но црните мисли се најлошо што може да го направите бидејќи нема ништо добро да се случува ако така мислите

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-07.jpg

„Ќе го направам за инат на сите“

  • Не треба да живеете за другите, туку за себе – уживајте во животот за вас, а не за да ги направите другите љубоморни

frazi-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pomisluvate-i-izgovarate-ako-sakate-da-uspeete-vo-zhivotot-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg