Неверојатна приказна за скромниот милионер Марсел Амфу и неговата сопруга спонзоруша

Тој имал милиони, но живеел во колиба без вода и струја и изгледал многу непривлечно кога 25 години помладата атрактивна парижанка се заинтересирала за него. Неговата смрт останува мистерија.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-01.jpg

Во француското шоу „Héritages“ повторно се актуализира приказната за францускиот милијардер Марсел Амфу и неговата сопруга Сандрин Девилард, која беше 25 години помлада од него. Инаку Марсел почина во 2012 година во сообраќајна незгода, а битката околу неговото наследство Сандрин ја водеше долго потоа, но остана со празни раце.

Долго време 68-годишниот Марсел живееше мирен живот на француските Алпи во мала дрвена колиба без вода и струја.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-02.jpg

Благодарени на едноставниот стил на живот, тој успеал да стекне огромно богатство во текот на годините. Станал сопственик на големо земјиште на Алпите, особено во близина на малото француско село  Puy-Saint-Pierre.

Идеалната локација со ски ресорт со идилични зимски пејзажи и луксузни хотели направила вредноста на земјиштетото на Марсел вртоглаво да порасне, но тој никогаш немал желба да го продаде и продолжил со скромниот стил на живот.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-09.jpg

Секој што ќе видел како живее немало да претпостави дека имал милиони. Марсел го споделувал богатството само со неколку најблиски роднини и пријатели.

Изградил скромни куќи на неговиот имот и на неговите блиски им дозволил да живеат во нив бесплатно.

Жените никогаш не биле заинтересирани за непривлечниот Марсел. Но, кога една атрактивна русокоса се појавила во неговиот живот сè се променило.

Сандрин Девилард, добропозната жена од Париз,  чукнала на вратата на неговиот дом во 2010 година. Му објаснила дека е брокер и дека е заинтересирана да го купи земјиштето кое го поседувал. Марсел одбил.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-03.jpg

Потоа на изненадување на сите двајцата стапиле во врска. Марсел бил пресреќен, а луѓето од околината знаеле дека Сандрин е со него само поради парите. Само една година подоцна стапиле во брак.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-15.jpg

Церемонијата била во Puy-Saint-Pierre, село кое има само околу 500 жители и се наоѓа во долина обиколена со прекрасни снежни врвови. Селаните кога виделе како Сандрин доаѓа елегантно облечена на свадбата со скап фустан знаеле дека нема искрени намери. До неа стоел неугледниот Марсел кој иако имал милиони носел стар костум, немал заби и имал неисчешлана коса.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-11.png

По свадбата Сандрин продолжила да живее во Париз, наводно поради работните обврски, а Марсел си живеел во неговата колиба на Алпите. Иако биле тазе венчани, едвај се познавале. Сепак, Сандрин велела дека го посетува сопругот колку што може почесто и му носи насмевка на лицето.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-06.png

Една година по свадбата Марсел загинал во сообраќајна незгода со Сандрин и нејзини двајца пријатели. Марсел умрел додека Сандрин и нејзините пријатели преживеале.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-12.jpg

Локалното население гласно протестирало дека сигурно таа има нешто со незгодата и смртта на Марсел, но немало докази и останало само на гласини.

Сандрин плачела на скромниот погреб на Марсел, но никој не ѝ верувал. Таа мислела дека е единствената наследничка на милионите на Марсел и веднаш планирала да го продаде земјиштето.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-07.jpg

Но, кратко пред смртта Марсел го променил тестаментот и сите свои пари им ги оставил на роднините и пријателите. Сандрин не добила ништо и ужасната од ситуацијата тужела на суд.

Но, по години судење било докажано дека потписот на Марсел на тестаментот е веродостоен и дека Сандрин навистина останува со празни раце.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-17.jpg

Иако, сите мислеле дека љубовта на прв поглед го заслепела Марсел, тој сепак го задржал рационалниот ум, а Сандрин го добила тоа што го заслужува.

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-05.jpg

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-16.jpg

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-14.jpg

neverojatna-prikazna-za-skromniot-milioner-marsel-amfu-i-negovata-sopruga-sponzorusha-13.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран... Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg