Морничави вистински приказни: Луѓе кои си го уништиле животот со една лоша одлука
„За предизвик, дечко изеде полжав и се зарази со опасен паразит. Беше во кома и целиот живот го помина во кревет“.
Иако е морничаво само и да се помисли, некогаш доволно е една погрешна одлука за некој да си го уништи животот.
Да направи нешто непромислено, да преземе непотребен, а голем ризик и целиот дотогашен труд паѓа во вода.
На Редит, форумџиите споделуваат вистински приказни за луѓе кои на ваков начин си го уништиле животот.
Дел од нив во продолжение:
„Дечко кој ми беше соученик во средно имаше рак на тестисите на 25-годишна возраст.
Со месеци, можеби и година-две, на Фејсбук постојано објавуваше за терапијата. И, конечно, објави дека е излекуван. Следниот ден беше мртов.
Ноќта кога дознал дека е излекуван, испил премногу алкохол и паднал по скали. Кога го пронашле, веќе бил мртов“.
„Дечко од Сиднеј изеде полжав, како предизвик од неколку пријатели. Од полжавот се зарази со опасен паразит и беше во кома 18 месеци.
Кога се разбуди беше во вегетативна состојба, врзан за кревет и му требаше 24-часовна нега.
Почина околу 10 години подоцна. И, сето ова бидејќи изеде еден полжав...“
„Во близина на мојот дом имаше сериозна сообраќајка – неколку автомобили и два камиона. Загинаа тројца луѓе.
Сообраќајка ја предизвика возачот на еден до камионите бидејќи зборуваше на телефон. Сега е во затвор“.
„Поранешен колега отиде во Лас Вегас. Се убеди дека има среќа бидејќи испи многу алкохол и во казино ги изгуби сите заштедени пари.
Поради долговите ја изгуби и куќата, сопругата го остави, децата не го гледаат.
Последно што знам за него е дека живее во мал стан и работи за минималец“.
„Имав колега на работа, дел од менаџерскиот тим. Беше познат како добар човек, кој се грижи за семејството, а го сметаа и за добар шеф.
Но, еднаш го фатија како има секс со нова колешка. Ја изгуби работата, ја изгуби сопругата и децата повеќе не зборуваат со него.
Ова беше пред две години, последно слушнав дека живее во мал стан, и има проблеми со алкохол“.
„Пријател на моите родители беше навистина добар човек што си го сакаше семејството. Еден ден си играл со ќерка му на возраст од околу една година.
Нежно ја фрлал на креветот, а таа се смеела и се враќала кон него за повторно да ја фрли.
Но, ја фрлил подалеку и таа се удрила од креветот. За среќа, девојчето преживеа, но е парализирано. Таткото отиде во затвор, а сопругата го остави“.
„Другарка на мајка ми наседна на интернет измама и изгуби 100.000 долари“.
Спирова С. | Црнобело