Фрази по кои ќе забележите дека некој не ја кажува вистината
Големи се шансите дека во текот на денот најмалку еднаш кажувате каква-таква лага, како и дека сигурно сте излажани.
Исто така, треба да сте свесни дека и другите можат да насетат кога вие ќе кажете некоја лага, како што и вие препознавате. Сепак, може да биде навистина тешко кога си имате работа со некој патолошки лажго, кој настапува со извежбани зборови и говор на телото.
Добра вест е дека ако малку повеќе обрнете внимание на кажаното и на однесувањето на личноста, можете со голема точност да процените дали ве лажат или не.
Постојат неколку фрази кои овие лица ги користат, мислејќи дека така ја нагласуваат вистинитоста на својот исказ.
Дали препознавате некои од нив?
1. „Дали јас го направив тоа? Секако дека не!“
Тие го повторуваат прашањето за да добијат неколку секунди да смислат соодветен одговор, односно лага. Глумењето неупатени е само дел од тактиката.
2. „Никако, јас не го направив тоа!“
Одрекување без да го чујат обвинувањето до крај. Па, има ли подобар знак од овој дека се виновни?
3. Генерички фрази како „Јас никогаш не би...“ или „Јас секогаш...“
Ова е тактика на луѓето кои ја кријат вистината. Тие сакаат да нагласат дека апсолутно никогаш не би го направиле тоа за кое се товарат, односно дека секогаш го прават тоа за кое се пофалени.
4. „Да бидам искрен/а...“ и слични варијации
Тие се обидуваат да ја нагласат вистината, но постигнуваат сосема спротивен ефект.
Слични фрази кои ги користат се и: „Дозволи ми да ја кажам вистината“, „Верувај ми на зборот“, „Да бидам појасен“, „Факт е дека“ и т.н.
5. Засилување на исказот со „Ако добро се сеќавам...“
Со ваквите изјави, соговорникот се обидува да ве натера да се посомневате во она што веќе сте свесни дека е така.
Слични фрази кои може да ги употреби се: „Од моја перспектива“, „Ако подобро размислиш“ или „Она што јас знам е дека...“
Секако, сами по себе овие фрази не укажуваат на лажго, но доколку претерано се користат, почнете да се сомневате во својот соговорник.
6. Избегнуваaт реченици кои почнуваат со „Јас“
За да се дистанцираат од реалноста, овие личности избегнуваат реченици во прво лице еднина и најчесто зборуваат во трето лице. На пример, претпоставен кој сака да избегне одговорност ќе рече „ние“ или „нашиот тим“, наместо „јас“ и „мојот тим“.
Исто така, одличен пример е и „Се скрши екранот на телефонот“, наместо „Јас го скршив екранот на телефонот“.
7. „Навистина ли ме мислиш за таков/таква“
„Зарем мислиш дека можам да направам такво нешто?“
Оваа и сличните фрази се одличен начин да ве натераат вие да чувствувате вина што воопшто сте ги прашале.
Црвена тревога може да биде и одбраната без воопшто да бидат нападнати, на пример: „Како можете да се сомневате во мене?“, „Зарем не ми веруваш?“ и „Нели можеме ова време да го потрошиме на нешто попаметно?“
8. Се фаќаат за ситници и ги заобиколуваат поентите
Во текот на разговорот ќе се фаќаат за ситни детали, ќе се обидат да ја направат приказната што поневеројатна, ќе ве преоптоварат со неважни информации и ќе поставуваат потпрашања за сосема небитни детали, со цел да купат време и да смислат подобра лага.
Е. Д. | Црнобело