8-те најсилни (и најсмртоносни) земјотреси во последните 100 години

Земјотресот од 2004 година кој се случи во близина на Индонезија предизвика цунами во кое загинаа над 200.000 лица од неколку држави. До денес, ова се смета за можеби најголемата природна катастрофа со која се соочило човештвото.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini0-01.jpg

Поради деструктивната моќ, но и фактот дека се практично непредвидливи, земјотресите се можеби најстрашната природна катастрофа со која се соочува човештвото.

Земјотресите се речиси секојдневна појава и додека повеќето се толку слаби што не ги ни чувствуваме, постојат и земјотреси со разорна моќ кои срамнуваат цели градови и се причина за илјадници смртни случаи.

Низ историјата, човештвото се соочило со бројни вакви, силни земјотреси, а во продолжение дознајте нешто повеќе за оние од последниве 100-тина години:

Земјотрес во Валдивија, Чиле (1960) – 9,5 степени

Земјотресот од 1960 година во Чиле е најсилниот земјотрес кој е регистриран во историјата на човештвото.

Експертите сметат дека неговата јачина била помеѓу 9,4 и 9,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил на 22 мај, во 15:11 часот по локално време и траел речиси десет минути.

По земјотресот се појавиле неколку цунами бранови кои зафатиле делови од Чиле, Хаваи, Јапонија, Филипини, Нов Зеланд и Австралија.

Не е познато колку точно лица загинале како последица од земјотресот, ниту колкава е точната материјална штета.

Според некои претпоставки, од земјотресот и цунамито што следело загинале помеѓу 1.000 и 6.000 лица.

Кога станува збор за материјалната штета, се проценува на околу тогашни 400 милиони долари, односно над 4 милијарди денешни.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-02.jpg

Земјотрес во Алјаска, САД (1964) – 9,2 степени

Ова е најсилниот земјотрес на територија на САД, а неговата јачина изнесувала 9,2 степени според Рихтер.

Земјотресот се случил на 27 март 1964 година и траел околу пет минути.

Во катастрофата загинале 131 лице, а материјалната штета се проценува на денешни 2,94 милијарди долари.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-03.jpg

Земјотрес во Северо-Курилск, Русија (1952) – околу 9 степени

Земјотресот во 1952 година најсилно го погодил рускиот град Северо-Курилск, но бил почувствуван и во други области на Русија.

Ова е најсилниот земјотрес забележан на територија на Русија и имал јачина од околу 9 степени.

Земјотресот, кој срамнил цел град, се случил на 5-ти ноември, кратко пред 4 часот наутро, а предизвикал и цунами високо 18 метри кое било причина за голема материјална штета.

Се претпоставува дека загинале околу 2.300 лица, а не е позната точната материјална штета.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-04.jpg

Земјотрес во Индискиот Океан (2004) – 9,2 степени

На 26 декември 2004 година, кратко пред 8 часот наутро, во Индискиот Океан имаше земјотрес со јачина помеѓу 9,1 и 9,3 степени.

Земјотресот беше во близина на Суматра, Индонезија и предизвика цунами високо дури 30 метри.

Ова е најсилниот земјотрес кој се случил во 21-иот век.

Цунамито, пак, зафати многу крајбрежни градови и села на неколку држави, при што загинаа 227.898 лица.

Земјотресот и цунамито се сметаат за една од најголемите и најсмртоносните природни катастрофи со кои се соочило човештвото.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
Зошто е добро во одреден дел од денот да не носите долна облека? Непријатна миризба, инфекции, алергии... Дали знаете зошто е добро во одреден де...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
„Не сакав да ѝ го отстапам моето седиште во авион на бремена жена – платив повеќе за него“ „Летав 5 часа и платив екстра за седиште во близина на тоалетот бидејќи имам здр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg