Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат)

Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскарот за да ѝ даде простор за говор на Индијанка – во светот навистина постојат добри луѓе. 

fotki-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-choveshtvoto-i-kje-ve-raspolozhat-01.jpg

Кога ќе земете предвид што сè се случува во светот моментално, лесно е да изгубите надеж во човештвото.

Но, секогаш треба да сме свесни дека во светот постои и многу добрина.

Неколку фотки што ќе ви ја вратат надежта во човештвото:

Во 1969 година, расизмот бил толку изразен во САД, што неретко на Афроамериканците не им се дозволувало да влезат во ист базен со бели луѓе.

Со цел да ѝ се спротивстави на расната сегрегација, водителот Фред Роџерс позира со Афроамериканец, и тоа додека нозете им се покиснати во ист леѓен со вода.

fotki-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-choveshtvoto-i-kje-ve-raspolozhat-02.jpg

Во 1973-та, Марлон Брандо го одби Оскарот што го доби за изведбата во The Godfather.

Сето ова со цел да ѝ овозможи на Сашин (која е на фотографијата) да зборува за погрешното претставување на Индијанците во холивудските филмови.

fotki-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-choveshtvoto-i-kje-ve-raspolozhat-03.jpg

Фотографија направена во 1901 година од британски антрополог кој сакал да го истражува животот на Кинезите.

Тој период, фотоапаратите не биле распространети во Кина, па Кинезите не биле свесни дека треба да позираат формално кога ги фотографираат.

Напротив, тие одлучувале да позираат со широки насмевки и гримаси, па така се родила и оваа фотка позната и како „Најсреќниот човек во Кина“.

fotki-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-choveshtvoto-i-kje-ve-raspolozhat-04.jpg

Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА во 1991-ва.

Овој период стигмата за болните од СИДА била огромна и многумина верувале дека болеста може да се пренесе и со допир.

fotki-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-choveshtvoto-i-kje-ve-raspolozhat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg