Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Не сакав да ѝ го отстапам моето седиште во авион на бремена жена – платив повеќе за него“

„Летав 5 часа и платив екстра за седиште во близина на тоалетот бидејќи имам здравствени проблеми. Бремена жена ми рече да ѝ го отстапам бидејќи ќе ѝ требал тоалетот, но јас одбив. Дали сум лоша личност?“

ne-sakav-da-go-otstapam-moeto-sedishte-vo-avion-na-bremena-zhena-plativ-povekje-za-nego-01.jpg

Постои непишано правило според кое сите настојуваме да им помогнеме на бремените жени.

Без разлика дали ќе им отстапиме место во автобус, ќе ги пуштиме пред нас на каса во продавница или што било друго, генерално повеќето не прават проблем кога станува збор за бремена жена.

Токму поради ова, објава на Редит предизвика мала дебата. Имено, еден корисник прашува дали е лоша личност бидејќи не ѝ го отстапил своето седиште во авион на бремена жена.

Притоа, корисникот нагласува дека и самиот има здравствени проблеми, па однапред го резервирал токму тоа седиште.

ne-sakav-da-go-otstapam-moeto-sedishte-vo-avion-na-bremena-zhena-plativ-povekje-za-nego-05.jpg

Неговата објава во целост:

„Летав 5 часа за да го посетам семејството за празниците. Платив екстра за седиште во претпоследниот ред бидејќи имам здравствени проблеми поради кои понекогаш морам итно да одам во тоалет.

Пред да седнам, жена ме замоли да ѝ го отстапам моето седиште за да седела поблиску до тоалетот. Беше бремена, но не ми изгледаше како да има некаков проблем.

Додека имав сочувство кон неа, како личност со медицински проблем, мислев дека не е фер да го отстапам седиштето што го планирам и за коешто платив, особено бидејќи таа очигледно самата не си закажала седиште однапред.

ne-sakav-da-go-otstapam-moeto-sedishte-vo-avion-na-bremena-zhena-plativ-povekje-za-nego-04.jpg

Стјуардесите одбиваа да се мешаат кога таа инсистираше дека јас треба да се преместам. Исто така, немаше слободни седишта во близина на тоалетот на кои јас или некој друг може да се премести.

Пробав да ѝ препорачам да разговара со нејзиниот лекар за тоа дека ѝ треба посебно сместување штом седењето далеку од тоалетот не е препорачливо за неа за време на долги летови.

Сепак, моето семејство ми вели дека требало да ѝ го отстапам седиштето. Но, јас не се согласувам. Дали сум лоша личност?“

ne-sakav-da-go-otstapam-moeto-sedishte-vo-avion-na-bremena-zhena-plativ-povekje-za-nego-03.jpg

Во коментари, форумџиите всушност го бранат корисникот и истакнуваат дека штом тој платил екстра за седиштето за неговите здравствени проблеми, не е должен да го отстапува за бремени жени.

„Не си лоша личност. Требало да си го закаже седиштето што го сака или да не се качува во авионот. Изгледа претпоставила дека не мора да плати бидејќи некој ќе ѝ го отстапи. Стјуардесите погрешиле што не се замешале“.

„Не си лоша личност – го кажувам ова како жена која била бремена и летала сама со мало дете. Секој патник има можност да си закаже седиште однапред во зависност од неговите потреби и желби. Воопшто не е важно зошто си го букирал тоа седиште“.

ne-sakav-da-go-otstapam-moeto-sedishte-vo-avion-na-bremena-zhena-plativ-povekje-za-nego-02.jpg

„Не си лоша личност. Бидејќи често летам, многупати го гледам ова. Некои луѓе мислат дека можат да го добијат кое седиште и да посакаат. Не може. Ти си платил за твоето седиште и тоа е твое. Тоа што некој не си испланирал или не му се давале пари не е твој проблем“.

„Тоа што една жена е бремена не значи дека може да добие што и да посака. Претпоставувам дека знаела дека е бремена пред да го купи авионскиот билет. Требало да си плати за седиште според нејзините потреби, а не да ги малтретира другите луѓе“.

Што мислите вие, дали корисникот постапил правилно? Што би направиле вие во ваква ситуација?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg