8-те најсилни (и најсмртоносни) земјотреси во последните 100 години

Земјотрес во Сендај (2011) – 9 степени

На 11 март 2011 година, регионот Сендај на јапонскиот остров Хоншу беше погоден од земјотрес со јачина помеѓу 8,9 и 9,1 степени.

Земјотресот предизвика и цунами со висина од најмалку десет метри кое потопи цел брод со патници, како и патнички воз на островот.

Ова е земјотресот што ја предизвика нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Во земјотресот загинаа речиси 20.000 лица, околу 6.000 беа повредени, а над 2.500 се водат како исчезнати.

Материјална штета се проценува на околу 360 милијарди долари.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-06.jpg

Земјотрес во Чиле (2010) – 8,8 степени

Крајбрежјето на Чиле беше погодено од земјотрес со јачина од 8,8 степени на 27 февруари 2010 година.

Потресот траел околу три минути и бил почувствуван од речиси 80% од населението.

По земјотресот имаше и цунами кое предизвика штета во неколку крајбрежни градови на Чиле и помала штета во Калифорнија и јапонскиот остров Хоншу.

Во катастрофата загинаа 525 лица, додека 25 се водат за исчезнати.

Материјалната штета се проценува на околу 5 милијарди долари.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-07.jpg

Земјотрес во близина на Суматра, Индонезија (2005) – 8,6 степени

На 28 март 2005 година, Индонезија беше погодена од третиот најсилен земјотрес во нејзината историја.

Земјотресот се случи во близина на Суматра, но бил почувствуван дури 1.000 километри подалеку, во Тајланд.

Не е познат точниот број на жртви, но се претпоставува дека загинале помеѓу 915 и 1.314 лица.

Имало и голем број повредени – помеѓу 340 и 1.146.

По земјотресот луѓето стравуваа дека ќе се повтори цунамито од 2004 година, но, за среќа, овојпат беше значително помало и предизвика релативно мала штета.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-08.jpg

Земјотрес во Индискиот Океан (2012) – 8,6 степени

На 11 април 2012 година во Индискиот Океан имаше два земјотреса со јачина од 8,6 и 8,2 степени.

И покрај јачината, поради оддалеченоста на земјотресот од брегот, немаше многу загинати – околу 10 лица.

Сепак, околните земји стравуваа дека ќе има големо цунами, но тоа не се случи.

8-te-najsilni-i-najsmrtonosni-zemjotresi-od-poslednite-100-godini-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
Зошто е добро во одреден дел од денот да не носите долна облека? Непријатна миризба, инфекции, алергии... Дали знаете зошто е добро во одреден де...
„Не сакав да ѝ го отстапам моето седиште во авион на бремена жена – платив повеќе за него“ „Летав 5 часа и платив екстра за седиште во близина на тоалетот бидејќи имам здр...
8 психолошки трикови заради кои луѓето ќе веруваат дека читате мисли, низ илустрации Знаете ли дека очите издаваат дали некој се обидува да ве излаже или пак се прис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg