8 психолошки трикови заради кои луѓето ќе веруваат дека читате мисли, низ илустрации
Знаете ли дека очите издаваат дали некој се обидува да ве излаже или пак се присетува што навистина се случило или што значи кога некој постојано клима со глава додека му зборувате? Со помош на овие психолошки трикови луѓето ќе веруваат дека читате мисли.
На сите ни се случило понекогаш да посакуваме да можевме да ги читаме туѓите мисли за да дознаеме дали не лажат или не, но некогаш доволно е само да го следите внимателно говорот на нивното тело.
Внимавајте на гестикулациите и изразот на соговорникот и секогаш ќе знаете дали ве лажат или, пак, ја зборуваат вистината.
Дали соговорникот ве разбира што му зборувате?
Кога зборуваме нешто што на соговорникот не му се допаѓа, во обид на тоа да не излезе некултурно и да ви покаже дека ве слуша, може да почне да клима со главата постојано, но и претерано.
Исто така, кога некој се сомнева дека може да го направи тоа што го барате од него, веднаш почнува да клима со главата. Затоа треба да обрнете внимание во кој миг ова климање ќе започне, да забавите и да се обидете да најдете друг начин да го објасните проблемот.
Дали на соговорникот му се допаѓате или само се преправа (дека му се допаѓате)?
Многумина се жалат од брчките што прерано им се појавуваат на лицето, но ако не сте знаеле, токму тие брчки може да укажат дали некој се смее од срце или не.
Кога насмевката е лажна, очите на соговорникот нема да се смеат.
Како да препознаете кога некоја личност е под стрес?
Ако забележите некој како ја стиска вилицата тоа значи дека е под стрес или размислува за некои работи што му создаваат стрес.
Како и да е, ова стискање најчесто се случува несвесно, а може да ви укаже за тоа како треба да му пристапите на соговорникот.
Дали сте интересни за соговориникот?
Кога некој е заинтересиран да ве слушне што сакате да му кажете тој ќе ви го посвети целото внимание и емоциите се видливи на целото лице.
Ако забележите дека некој се обидува да покаже дека е заинтересиран само со еден дел од лицето, тоа најчесто значи дека ја глуми емоцијата.