Зошто е добро во одреден дел од денот да не носите долна облека?

Непријатна миризба, инфекции, алергии... Дали знаете зошто е добро во одреден дел од денот да практикувате да не носите долна облека и што ќе се случи ако не го правите тоа?

shto-kje-se-sluchi-ako-po-cel-den-nosite-dolna-obleka-01.jpg

Многумина не би прифатиле одреден дел од денот да го поминат без долна облека, но добро е да знаете дека некогаш е во ред да му дозволите на телото да „дише“ и дека би можеле да имате голем број позитивни промени во здравјето.

Да погледнеме што се случува со нашето тело кога цел ден носиме долна облека?

Не им дозволувате на интимните делови да дишат

Ова особено се однесува на оние што сакаат да носат долна облека произведена од синтетичка тантела.

Долната облека изработена од синтетика можеби изгледа попривлечно од памучната, во неа интимните делови не можат „да дишат“ и може да ја заробат потта и влажноста во овој дел од телото.

Тоа понатаму може да предизвика иритација или габични инфекции и инфекции на уринарниот тракт.

shto-kje-se-sluchi-ako-po-cel-den-nosite-dolna-obleka-05.jpg

Очекувајте непријатна миризба

Освен што ја заробува потта, синтетичката долна облека може да зароби и бактерии и тоа да предизвика непријатна миризба на интимните делови.

Затоа добро би било, кога можете да избегнувате да носите долна облека за да ѝ дозволите на потта да испари и да се намалат мирисите.

shto-kje-se-sluchi-ako-po-cel-den-nosite-dolna-obleka-02.jpg

Иритација на кожата

Ако често имате пробеми со иритирана или распукана кожа во интимните делови, добро би било да избегнувате одреден период да не носите воопшто долна облека.

Наместо тоа, можете да изберете широки тренерки или облека, во која ќе можете целосно да избегнете да носите килоти.

Тесната долна облека изработена од вештачки материјали може да ја иритира деликатната кожа и да предизвика иритација.

shto-kje-se-sluchi-ako-po-cel-den-nosite-dolna-obleka-03.jpg

Може да предизвика алергии

Вашите омилени розови или виолетови гаќички сигурно изгледаат одлично, но треба да знаете дека вештачките бои може да предизвикаат иритација или осип.

Ако не ѝ дозволите на кожата повремено да дише може да се соочите со посериозни инфекции и алергии.

shto-kje-se-sluchi-ako-po-cel-den-nosite-dolna-obleka-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Избегнувајте штипки за коса - Што треба да имате предвид кога се облекувате за долг лет со авион? Зошто во авион не треба да носите штипки за коса, отворени чевли или комплициран...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg