Го украле вонземјани, терористички напад – (луди) теории за исчезнувањето на летот 370 на Malаysia Airlines

По речиси девет години, уште никој не знае што се случи со патниците и екипажот од летот 370 на Malaysia Airlines кој исчезна во 2014-та, над Индискиот Океан. Поради ова, постојат секакви теории за исчезнувањето – од терористички напад, до луди шпекулации дека авионот го украле вонземјани или дека се вратил назад во времето низ црна дупка.

go-ukrale-vonzemjani-teroristichki-napad-ludi-teorii-za-ischeznuvanjeto-na-letot-370-na-malaysia-airlines-01.jpg

Кобниот лет 370 на Malaysia Airlines до денес претставува мистерија која ја буни не само јавноста, туку и експертите.

Авионот со 227 патници и екипаж од 12 лица исчезна на 8 март 2014 година, на лет од Куала Лумпур до Пекинг.

Оттогаш има поминато речиси цела деценија, но никој не успеа да открие што навистина се случило со авионот и неговите патници.

Бидејќи се претпоставува дека патниците и екипажот се мртви, исчезнувањето на авионот се смета за еден од најсмртоносните инциденти на авиокомпанијата Malaysia Airlines.

Boeing_777-200ER_Malaysia_AL__28MAS_29_9M-MRO_-_MSN_28420_404__289272090094_29.jpg

По исчезнувањето на авионот беше организирана најголемата потрага во историјата на авијацијата, но сите обиди да се најде авионот беа залудни.

Авионот полетал во 12:41 часот, а 20-тина минути подоцна ја достигнал потребната висина.

Пред авионот да влезе во воздушниот простор на Виетнам, бил исклучен неговиот примопредавател – уред со чија помош контролорите ги идентификуваат авионите.

go-ukrale-vonzemjani-teroristichki-napad-ludi-teorii-za-ischeznuvanjeto-na-letot-370-na-malasya-airlines-09.jpg

Со помош на радар, било забележано дека наместо да продолжи да се движи во права линија кон Пекинг, авионот свртел и почнал да се движи кон Малезија, пред повторно да ја промени патеката. Скршнувањето се случило во 1:25 часот наутро.

Во 2:22 часот наутро, авионот исчезнал од радарот и последно бил забележан над Андаманското Море.

Сепак, сателит кој орбитирал на Индискиот Океан на секој час добивал сигнали од авионот, а последниот сигнал го добил во 8:11 часот наутро.

Оттука, на авионот му се губи секаква трага.

go-ukrale-vonzemjani-teroristichki-napad-ludi-teorii-za-ischeznuvanjeto-na-letot-370-na-malaysia-airlines-009.jpg

На 24-ти март, премиерот на Малезија најави дека според добиените сигнали, експертите заклучиле дека авионот најверојатно се срушил во Индискиот Океан, на околу 2.500 километри од брегот на Австралија.

Поради оддалеченоста на потенцијалното место на уривање, потрага не била воопшто лесна.

Во период од неколку години беа пребарани стотици илјади километри квадратни од дното на Индискиот Океан, а беа потрошени и милиони долари.

На почетокот од 2015 година, на бреговите на Африка беа најдени остатоци кои го донела водата и кои наводно се од срушениот авион.

go-ukrale-vonzemjani-teroristichki-napad-ludi-teorii-za-ischeznuvanjeto-na-letot-370-na-malasya-airlines-10.jpg

Во 2018 година, властите на Малезија изјавија дека насоката на авионот била променета рачно, но не е познато дали тоа го направиле пилотите или некој друг. Но сепак, останува мистерија зошто и каде исчезна авионот.

Нормално, по исчезнувањето на авионот, се појавија безброј теории, а дел од нив се и по малку налудничави.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg