9 предмети кои треба да ги тргнете од спалната соба за да го подобрите квалитетот на сонот
Расфрлани предмети на ноќната масичка
Избегнувајте да ја трупате ноќната масичка со сè и сешто и на неа ставете ги работите што навистина ви требаат, како столна ламба или шише вода.
Избегнувајте и да ставате украси како вазни.
Капи и шешири
Ако имате закачалка во спалната соба, немојте да ја трупате со капи, чанти и што уште не.
Најдобро е на закачалката да ви стојат парчињата што ги носите речиси секојдневно, а останатите скријте ги во гардероберот.
Догорени свеќи
Свеќите се одлична декорација во спалната соба и додаваат навистина топла атмосфера.
Но, штом ќе догорат, фрлете ги, без разлика дали се во убав стаклен сад.
Расфрлана облека
Многумина имаат навика да ја стават облеката што не е за перење на столот во спалната, на закачалката, па дури и само да ја фрлат на креветот.
Но, расфрланата облека го прави најголемиот хаос во спалната соба.
Штом облеката не е за перење, ставете ја во гардероберот. Ако е валкана – во корпата за облека.
Расфрлани фотографии
Иако денес ретко кој печати фотографии, веројатно дома имате барем едно купче.
Најдобро е овие фотографии да ги ставите во албум. На овој начин не само што ќе го намалите нередот, туку и ќе ги заштитите фотографиите.
Спирова С. | Црнобело