6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет)

Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите неколку вежби легнати на кревет.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-01.jpg

Ретко кој заспива веднаш штом ќе си легне. Дури и ако сте преморени, голема е веројатноста да се превртувате во креветот додека сонот да ве надвладее.

Ако ова е проблем со кој често се соочувате, можеби ќе ви помогнат следниве јога вежби:

Прва вежба

Легнете на грб, со перница под половината, а нозете исправени потпрете ги на ѕидот.

Рацете треба да ви бидат поставени покрај телото, со дланките свртени надолу.

Останете во положбата две минути и дишете нормално.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-02.jpg

Втора вежба

Легнете на стомак, а под стомакот ставете перница. Ставете ги рацете зад вас со испреплетени прсти.

Вдишете длабоко, свиткајте го грбот кон назад и придвижете ги рацете кон стапалата, како на фотографијата.

Додека издишувате, вратете се во почетната положба. Направете 10-тина повторувања.

Дланките постојано треба да ви бидат споени додека ја правите вежбата.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-03.jpg

Трета вежба

Седнете на креветот со раширени нозе и пред вас ставете перница.

Исправете го грбот, вдишете длабоко и, додека издишувате, наведнете се кон напред и легнете на перницата.

Рацете можете да ги испружите напред или да ги ставите под перница.

Длабоко вдишувајте и издишувајте 10 пати во оваа положба, па исправете се.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-04.jpg

Четврта вежба

Легнете на перница на грб. Спојте ги стапалата и странично раширете ги нозете, како на фотографијата.

Поставете ги рацете малку оддалечени од телото.

Дишете длабоко и бавно.

Останете во положбата околу три минути.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-05.jpg

Петта вежба

Легнете на перница како за претходната вежба. Но, овој пат спојте ги нозете и свиткајте ги колената.

Бавно свртете ја главата на десната страна, а нозете на левата и притоа придржувајте ги со левата рака.

Останете во положбата една минута, па променете ја страната.

Повторете двапати за секоја страна.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-06.jpg

Шеста вежба

Повторно легнете како за четвртата и петтата поза, но сега нозете треба да ви бидат исправени и малку раширени.

Рацете поставете ги малку оддалечени од телото.

Вдишете длабоко низ носот, а издишете бавно низ устата.

Веќе по некое време ќе почнувате да се чувствувате сонливо, а може и да заспиете во оваа положба.

6-joga-pozi-koi-kje-vi-pomognat-da-zaspiete-se-pravat-na-krevet-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg