8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки)
Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша поставеност на нозете? Позната руска инфлуенсерка сподели неколку трикови како до совршени Инстаграм фотки.
Многу луѓе не си се допаѓаат како изгледаат на фотографиите и сметаат дека не се фотогенични.
Но, што ако на фотките не си се допаѓате само затоа што не сте убаво наместени, згрчени, ве фотографираат од лош агол - и тоа нема никаква врска со вашата фотогеничност?
Руската инфлуенсерка Оксана Прокопенко, која има 618.000 следбеници на Инстаграм, често споделува совети за тоа каде грешите кога се фотографирате и кои пози треба да ги направите за да изгледате како вистински модел.
Нејзините совети за добри Инстаграм фотки:
Не се фотографирајте одозгора
Ваквите фотографии визуелно ве кратат и прават да изгледате пониско од она што сте навистина.
Наместо тоа, оној што ве фотографира треба да ја држи камерата право или малку поткрената нагоре за да ви ги издолжи нозете и торзото.
Не се грчете
Наместо да го згрчите телото, да ги соберете нозете и свиткате рамената - исправете се!
Испружете ги нозете нанапред, вовлечете го малку стомакот и кренете ја главата.
На овој начин телото ќе ви изгледа и подолго и потенко, а вие ќе оддавате впечаток на личност со самодоверба.
Внимавајте на нозете
Кога позирате многу е важно како ќе ги поставите нозете.
Дури и да ви е торзото наместено убаво и да имате совршена шминка и фризура, ако не ви се соодветно наместени нозете, фотографијата ќе биде лоша.
Наместо да ги раширите нозете, можете едната да ја испружите пред другата - веднаш ќе забележите разлика.
Не стојте право пред камерата
Наместо да застанете право пред камерата, ротирајте го малку телото кон лево или десно, испружете ја едната нога, а раката ставете ја на половина, или како да си играте со косата.
Оваа поза ќе ѝ даде живост на фотографијата.
Или, изберете лежерна поза, а едната нога благо прекрстете ја пред другата (но повторно телото да ви е малку свртено кон лево или десно).