8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки)

Секогаш внимавајте на гримасите

Колку пати ви се случило да направите гримаса и да ја уништите идеалната фотографија?

Запомнете, пред да застанете пред камерата, опуштете се, насмевнете се, очите нека ви бидат убаво отворени, не го кријте ликот со косата, исправете ја убаво главата или навалете ја само малку.

Ова е, всушност, и една од најважните работи дали ќе ви се допадне како изгледате на фотката или не.

vpechatlivi-namesto-zdodevni-fotki-na-instagram-8-soveti-kako-da-pozirate-08.jpg

vpechatlivi-namesto-zdodevni-fotki-na-instagram-8-soveti-kako-da-pozirate-02.jpg

Не го кријте лицето со раката

Иако многу луѓе позираат со рака пред устата, под брадата или на образот, кога седат или се потпрени некаде, ова е голема грешка.

На овој начин делувате дефанзивно, си го криете ликот, го згрчувате телото, а ги „згмечувате“ и образите кои потоа ви делуваат чудно.

Наместо тоа, раката нека ви биде подалеку од лицето, по можност подалеку и од телото. Разликата во позата се приметува веднаш.

vpechatlivi-namesto-zdodevni-fotki-na-instagram-8-soveti-kako-da-pozirate-10.jpg

Тело во форма на буквата „S“

Кога сакате да се потпрете на ѕид или ограда, наместо да го свиткате телото нанапред и да го ставите стомакот во преден план, „свиткајте“ го телото во форма на буквата „Ѕ“ - испакнете ги градите, вовлечете го стомакот, нозете нека ви бидат малку наназад и раздвоени.

И телото нека ви биде делумно свртено кон камерата.

vpechatlivi-namesto-zdodevni-fotki-na-instagram-8-soveti-kako-da-pozirate-09.jpg

Кога седите колената и лактите не треба да бидат насочени директно кон камерата

Кога позирате седнати, свртете го телото малку на страна, за колената и лактите да не ви бидат директно насочени кон камерата.

И повторно - не го виткајте телото нанапред, исправете ги рамениците, кренете ја главата.

На овој начин на фотката ќе потсетувате на модел, а не на некој кому му е сеедно дали го фотографираат.

vpechatlivi-namesto-zdodevni-fotki-na-instagram-8-soveti-kako-da-pozirate-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg