Сопругот ја тепал и силувал, па му го отсекла половиот орган – вознемирувачкиот случај на Лорена Бобит од САД
Лорета Бобит со години трпела сексуално и физичко насилство од нејзиниот сопруг, кога решила да му го отсече половиот орган. Потоа самата се пријавила во полиција и била прогласена за невина, а нејзиниот случај ги натера Американците да обрнат повеќе внимание на семејното насилство што го трпат жените.
Случајот на Лорена и Џон Бобит своевремено беше еден од најпознатите во САД и ја натера јавноста да се фокусира на семејното насилство, но и силувањето на жените од нивните сопрузи.
Иако деталите од случајот се грозоморни, откако стана популарен, бројни феминистички групи почнаа да одржуваат протести со цел јавноста да стане свесна за насилството што го трпат голем број жени во нивниот сопствен дом.
Па, што точно се случило помеѓу Лорена и нејзиниот сопруг Џон?
Лорена и Џон Вејн Бобит се венчале во јуни, 1989 година.
Јавноста дозна за парот во 1993 година, откако Лорена му го отсекла половиот орган на Џон додека тој спиел.
Инцидентот се случил на 23 јуни во домот на парот во Вирџинија.
Подоцна, за време на сослушувањето, Лорена изјавила дека таа вечер, откако си дошол дома, Џон ја силувал.
Бидејќи ова не било првпат да ја силува, но и да ја тепа, Лорена одлучила да му се одмазди.
Па, откако заспал, зела нож од кујната и му го отсекла половиот орган.
Лорена веднаш избегала од дома со нејзиниот автомобил и го фрлила отсечениот полов орган на Џон покрај патот.
Сепак, по извесно време застанала, се јавила во полиција и кажала што се случило. Лорена кажала и каде можат да го најдат половиот орган на Џон.
Полицијата веднаш интервенирала и по неуморна истрага, успеале да го најдат половиот орган на Џон, па дури и да му направат успешна операција со која му го „закачиле“.
Жената била уапсена истата вечер, а за време на судењето подоцна открила морничави детали од нивниот брак.
Откако се венчале, Џон ја малтретирал сексуално, физички и психички, а еднаш и ја присилил да абортира.
Таа изјавила дека Џон ја имал силувано неколкупати, а ѝ ги украл и парите што ги заштедила.
Бројни сведоци ги потврдиле тврдењата на Лорена, а еден изјавил дека тој ѝ се заканувал ако го напушти.
„Лорена беше парализирана од заканите на Џон. Тој ѝ велеше: Ќе те најдам, без разлика дали сме разведени и разделени. И секогаш кога ќе те наоѓам, ќе имам секс со тебе“.
За време на судењето, адвокатите на Лорена истакнале дека на кобната ноќ таа изгубила контрола бидејќи поради насилството што го трпела, имала развиено клиничка депресија, како и посттрауматско стресно нарушување.
Џон ги негирал обвиненијата, но фактите што ги споделувал не се совпаѓале едни со други. Истите настани ги раскажувал различно и не убедил никого дека е невин.
На крај, поротата одлучила дека Лорена делувала во самоодбрана, а големо влијание имала и нејзината психичка состојба која била влошена поради насилството од Џон.
Судијата, пак, наредил жената да оди на 45-дневна евалуација во ментална установа и да биде ослободена.
Во 1995 година, Лорена и Џон го финализирале разводот.
По излегувањето од болница, Лорена се држела понастрана од јавноста, но се појави во неколку интервјуа каде што ја сподели нејзината приказна. Денес таа живее во Вирџинија.
Џон, пак, пробал да собере пари за операцијата формирајќи бенд. Откако овој обид се покажал како неуспешен, станал дел од порно-индустријата и се појавил во два филма.
Во наредните неколку години, Џон имал неколку судири со законот – нападнал стриптизета, а бил уапсен неколкупати поради слични инциденти.
Во 2014 година доживеал сообраќајна несреќа во која си го скршил вратот.
И Џон има дадено неколку интервјуа во кои зборува за инцидентот, а моментално живее во Лас Вегас.
Случајот е толку познат во САД, што до денес има многу референци во популарната култура, вклучувајќи го филмот Fight Club, серијата Family Guy па дури и стих од песна на Лизо – Grrrls.
Џон и Лорена пред неколку години
Спирова С. | Црнобело