Зошто луѓето кои се осудени на смрт можат да го одберат последниот оброк и кои се најнеобичните побарани оброци?
Денот кога бил испратен во гасната комора во 1939 година, Џо Ариди од Колорадо кој бил лажно осуден за силување и убиство сакал сладолед за појадок, ручек и вечера. Кога би можеле да го изберете последниот оброк, што би било тоа?
Смртната казна одамна е укината во многу земји, но некаде како во САД, постои до ден-денес, а пракса е да се нудат последни оброци по избор на оние кои се осудени на смрт.
Од каде потекнува оваа традиција?
Повеќето луѓе веруваат дека ритуалот на последниот оброк потекнува од последниот оброк на Исус, а исто така го поврзуваат и со стравот од духови во претхристијанско време.
Во Античка Грција, на лицето што требало да биде погубено, требале да му дадат храна, за да има сила да ја премине реката Стикс во подземниот свет, а не да се врати како гладен дух.
Подоцна низ годините, традицијата на последниот оброк еволуирала.
Пуританците од Масачусетс (САД) организирале величествени гозби за осудените, имитирајќи ја тајната вечера на Исус, што претставува заедничко помирување за заедницата и затворениците.
Најизненадувачките барања за последни оброци од затвореници осудени на смрт:
Сладолед
Денот кога бил испратен во гасната комора во 1939 година, Џо Ариди од Колорадо кој бил лажно осуден за силување и убиство, сакал сладолед за појадок, ручек и вечера.
Храна за бездомниците
И покрај тврдењето дека е невин, поранешен готвач бил погубен во 1997 година. Тој сакал да го донира својот последен оброк на бездомник, но неговото барање било одбиено.
Бонбони
Џералд Ли Мичел имал само 17 години кога убил двајца мажи. Пред да биде погубен со смртоносна инјекција во Тексас во 2001 година, неговото последно барање за оброк било пакетче бонбони.
Маслинка
Пред да биде погубен во 1960 година, сè што барал еден киднапер и убиец од Илиноис, било една маслинка. Тој се надевал дека од неговиот гроб ќе израсне маслиново дрво како симбол на мирот.
KFC оброк
Еден од најозлогласените американски сериски убијци, Џон Вејн Гејси, кој исто така бил менаџер на KFC во неговите млади денови, побарал сад полн со пилешко, помфрит, 12 пржени ракчиња, јагоди и диетална кока-кола.
M. Г. | Црнобело
Фото: pinterest.com / depositphotos.com