7 факти што докажуваат дека Кејт Мидлтон е „обична“ мајка како и секоја друга

Сака да ги фотографира децата, се радува на слатките подароци од нив, а некогаш и таа се чувствува преморено, па дури и гневно како и секоја друга мајка.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-01.jpg

Кејт Мидлтон е одличен пример за многу жени, особено мајките. Иако сега е дел од британското кралското семејство, војвотката не се плаши да покаже дека е далеку од совршена, како и дека е „обична“ мајка како и секоја останата.

Во продолжение неколку факти што го докажуваат ова:

Сака да прави семејни фотографии

Добро познат факт е дека Кејт Мидлтон сака да фотографира, а најчесто нејзините модели се токму нејзините деца.

Таа дури го има прекршено кралскиот протокол и има направено неколку официјални портрети од нејзините деца. Според протоколот на британското кралско семејство, сите официјални портрети се направени од професионален фотограф.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-02.jpg

Добива слатки подароци од децата

Секоја мајка се радува кога нејзиното дете ќе ѝ направи подарок, без разлика дали за роденден, Денот на мајката или без никаков повод.

Минатата година Кејт се пофали со тортата што ја направиле Џорџ, Шарлот и Луи по повод Денот на мајката.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-03.jpg

Сака да ги носи децата на училиште

Бидејќи сепак се членови на кралско семејство, децата на Кејт секогаш имаат придружба и обезбедување, дури и кога одат на училиште.

Но, секојпат кога е во можност, Кејт сака самата да ги носи на училиште, како и секоја друга мајка.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-04.jpg

Треба да се справува со темпераментот на нејзините деца

На прославите за Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, малиот Луи покажа е дека е навистина енергично дете. Па, од забавните фотографии стана јасно дека Кејт има полни раце работа со него.

Но таа е трпелива мајка и со останатите деца – на бројни важни настани, Кејт е фотографирана како ги смирува и пробува да ги утеши.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-05.jpg

Се соочила со истите маки како и секоја мајка по породување

Само неколку денови откако го роди првото дете – принцот Џорџ – Кејт се појави во јавност.

Таа и Вилијам го покажаа малиот Џорџ пред болницата во којашто се роди.

Нормално, тогаш Кејт изгледаше исцрпено, а подоцна сподели дека била преплашена бидејќи за историската фотографија морала да ја покаже својата ранливост.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-06.jpg

Не се срами од седите влакна

Седите влакна се сосема нормални и Кејт воопшто не се обидува да ги скрие.

Ова е одличен пример за сите мајки кои се чувствуваат несигурно во врска со побелената коса.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-07.jpg

Некогаш и таа е преморена од децата и знае да им се налути и да ги искара

Заморот ѝ е многу добро познат на секоја мајка, а ни Кејт не е имуна на него.

Па, не е реткост да ја видиме Кејт преморена, а некогаш и малку гневна кога е во јавност со нејзините деца.

7-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-kejt-midlton-e-obichna-majka-kako-i-sekoja-druga-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg