Хит меме: Принцот Луи (4) со нови смешни фацки повторно главна ѕвезда на јубилејот на кралицата
- Детали
- понеделник, 06 јуни 2022
Принцот Луи стана хит на Твитер и слободно можеме да кажеме дека веќе е омилениот член од кралското семејство на многумина, откако неколку денови по ред имавме можност да уживаме во неговите смешни реакции за време на важни кралски настани. „Принцот Луи е збир од забава и енергија“, гласи еден од твитовите за него, прочитајте ги и другите...
Принцот Луи повторно ја освои јавноста со слатките реакции за време на големата парада по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.
4-годишниот принц беше главна ѕвезда за време и на другите прослави по истиот повод, а дефинитивно се надмина себеси на последниот ден, односно во неделата.
Во чест на кралицата, во Лондон имаше парада за чија организација биле одвоени 18 милиони долари, а дел од публиката беа и членовите на кралското семејство.
Чарлс, Камила, Вилијам Кејт и нивните деца беа сместени во првите редови, а на малиот принц му беше тешко да седи мирен.
Кога ќе се земе предвид неговата возраст и фактот дека парадата траеше повеќе од два часа, неговите реакции се сосема нормални, но сепак вреди да се спомнат.
Принцот го исплазуваше јазикот, правеше гримаси и во еден миг дури и ѝ ја покри устата на мајка му Кејт која безуспешно се обидуваше да го смири.
Потоа малиот принц застана на неговото столче за да може да гледа подобро и на крај седна во скутот на дедо му Чарлс.
Твитер веќе е преплавен со комплименти од луѓе кои се воодушевени од малиот принц:
„Како принцот Луи успева да ги имитира сите емотикони наеднаш? Ова дете е злато!“
„Принцот Луи е збир од забава и енергија“.
„Принцу Луи, те сакам!“
„Принцот Луи кој трча за да седне со дедо му, принцот Чарлс, е најслаткото нешто што сум го видела“.
„Му ја сакам реакцијата кога ќе се здогледа на телевизија. Ова беше негово шоу“.
„Да направиме петиција за ова мало момче да биде крал. Ќе биде хаос, но јас сум за“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





