„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон

„Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое имало леукемија и додека примало терапија, ја запознало Кејт Мидлтон, а потоа се слушале и по телефон.

kje-bide-hrabra-kako-mene-devojche-7-koe-go-pobedilo-rakot-so-emotivna-poraka-do-kejt-midlton-01.jpg

Мила Снедон е 7-годишно девојче кое се изборило со ракот, а во периодот додека траела нејзината терапија, таа имала можност да се сретне со Кејт Мидлтон.

Сега, откако принцезата соопшти дека и таа има рак, храброто двојче ѝ упати емотивна порака за поддршка.

Мила и принцезата се сретнале во 2021-ва, додека девојчето водело битка со леукемија.

„Таа ќе биде храбра бидејќи и јас бев и ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели Мила за британскиот The Mirror.

kje-bide-hrabra-kako-mene-devojche-7-koe-go-pobedilo-rakot-so-emotivna-poraka-do-kejt-midlton-03.jpg

За медиумот се огласи и мајката на девојчето – Линда.

„Кејт е мајка, сопруга, млада е, убава, во добра форма и ќе се справи со болеста.

Ова покажува дека ракот не избира, може да се јави кај секого, во кое било време. Ѝ посакуваме мирно и брзо оздравување“.

kje-bide-hrabra-kako-mene-devojche-7-koe-go-pobedilo-rakot-so-emotivna-poraka-do-kejt-midlton-04.jpg

Линда додава и дека Кејт ја сподели веста за нејзината болест на втората годишнина од ремисијата на малата Мила.

„Во тој миг, Мила се сврте кон мене и ми рече дека сака да ѝ испрати картичка со порака на Кејт приватно. Па, Мила ќе стапи во контакт и со неа на нејзин, приватен начин.

Кејт ѝ покажа на Мила огромно сочувство, грижа и поддршка и за време на терапијата, и потоа. Па, емотивни сме кога гледаме како самата се соочува со здравствени проблеми“.

kje-bide-hrabra-kako-mene-devojche-7-koe-go-pobedilo-rakot-so-emotivna-poraka-do-kejt-midlton-05.jpg

Наводно, официјалната средба меѓу девојчето и Кејт не била единствената и принцезата редовно ја следела состојбата на малата Мила и неколкупати се слушнале по телефон.

Во декември 2021-ва, Мила дури била поканета и на божиќниот концерт што го организира Кејт.

kje-bide-hrabra-kako-mene-devojche-7-koe-go-pobedilo-rakot-so-emotivna-poraka-do-kejt-midlton-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg