Грешки кои луѓето најчесто ги прават при купување нов дом (за кои подоцна се каат)
Не си ја знаете куповната моќ и сумата на која би ви одобриле кредит пред да направите договор за купување, бирате стан во зграда без паркинг место, не обрнувате внимание на дополнителните трошоци и проблеми кои може да произлезат во постара зграда - кои се најчестите грешки за кои луѓето се каат при купување стан?
Отворањето можност за купување нов дом е одлично, но дефинитивно не е лесна одлука, а со оглед на тоа што е поголема инвестиција, важно е да ги направите правилните чекори пред да вложите финансии.
Зависно од тоа дали купувате стан во нова или стара градба, какви се вашите планови за иднина и замисла за идеален дом, треба да обрнете внимание на некои клучни работи со цел да не се каете откако ќе го потпишете договорот или ќе почнете да живеете и доцна ќе си ги сфатите грешките.
Дел од грешките кои често се прават при купување нов дом, а вие не треба да ги повторите:
1. Емоционално врзување за нереален простор
Премногу се врзувате емоционално за првиот простор кој ќе ви се допадне, а не ви е најдобра опција или е продаден, па се разочарувате. Но, секогаш има подобро, не очајувајте, бидете упорни.
2. Купување од фирма со лош рејтинг
Не проверувате кој е инвеститор/изведувач и дали има претходни квалитетни градби, како и за нивото на професионалност при продажба.
Иако во денешно време постојат стандарди за градба кои не смеат да се занемарат и генерално не може многу да погрешите во овој поглед, сепак добро е да се распрашате за лично искуство на познаници.
3. Не обрнување внимание на локацијата на градбата
Тоа може да ви претставува проблем, од аспект на идни потреби (градинки, училишта во околината), достапност на јавен транспорт, маркети и продавница во близина, како и соседството - дали е безбедно, дали погледот ви е во нечиј друг стан во соседната зграда и слично.
4. Се занемарува потребата од паркинг место
Доколку возите, верувајте, паркингот ќе ви биде најголема мака во секојдневието доколку однапред не го обезбедите, а во околината нема слободен простор за паркирање.
5. Просторот се разгледува површно
Не размислувате однапред за распоредот и како може да биде искористен, дали некаде има столб среде соба или друга нефункционалност.
Не ги проверувате и инсталациите кои може да создадат проблем во иднина, посебно доколку зградата е стара, а не обрнувате ниту внимание дали има лифт и слично.
6. Не се размислува однапред за дополнителни трошоци
Доколку градбата е постара, мора да земете предвид дали просторот е реновиран или вие ќе треба да инвестирате во кречење, менување прозорци или под, поправка на фасада или лифт, а тоа може да доведе до промена на цената за купување.
7. Не се проверува куповната моќ
Доколку продавате недвижност и планирате со тие пари да купите нов дом, важно е прво да направите проценка и да проверите за која сума може да го продадете тоа што го поседувате пред да договорите сума за купување на нов имот.
Но, доколку се одлучите за опцијата станбен кредит, како што повеќето избираат, важно е да ја посетите банката, да побарате понуда и да дознаете отприлика која сума на кредит може да ви биде одобрена, пред да направите договор за купување, за подоцна да не се соочувате со невозможни промени и проблеми.
Условите за кредит се различни од банка до банка, па важно е да ја одберете најдобрата опција за вас, со ниска каматна стапка и без скриени трошоци, каде ќе добиете најдобар третман.
Моментално, Халкбанк нуди станбен кредит со животно осигурување:
- 3,3% фиксна каматна стапка за првите 10 години
- Рок на отплата: до 30 години
- 0% надомест за обработка на кредитот до 30.06.2022 година
Сите услови за станбениот кредит на Халкбанк може да ги погледнете ТУКА.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com