Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ми се допаѓа“

„Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Temu за само 38 долари, се разочарав“.

dechkoto-me-pobara-za-zhena-so-prsten-od-38-dolari-a-zarabotuva-200-000-godishno-mu-kazhav-deka-ne-mi-se-dopagjadechkoto-me-pobara-za-zhena-so-prsten-od-38-dolari-a-zarabotuva-200-000-godishno-mu-kazhav-deka-ne-mi-se-dopa.jpg

Кога се вљубени во партнерот и сакаат да го поминат целиот живот со него, повеќето жени веројатно не помислуваат на цената на свршеничкиот прстен.

Сепак, прстенот е само предмет и не е пресуден за тоа дали бракот ќе биде среќен.

Но, ситуацијата во којашто се нашла една жена го подели мислењето на јавноста и некои сметаат дека во одредени случаи, цената прстенот сепак е важна.

Жената ја споделува својата дилема на Редит:

„Имам 27 години, а свршеникот 29 и ме побара за жена пред неколку недели.

Бев изненадена, но заедно сме веќе три години и ни оди одлично. Па, бев среќна и му кажав „да“!

Ми се допадна прстенот кога првпат го видов, а пријателките и семејството ми рекоа дека е прекрасен.

Камчето е овално, а околу прстенот има и ’дијаманти‘.

Го прашав свршеникот од каде го купил - не ми кажа, но нагласи дека добил добра зделка.

dechkoto-me-pobara-za-zhena-so-prsten-od-38-dolari-a-zarabotuva-200-000-godishno-mu-kazhav-deka-ne-mi-se-dopagja-05.JPG

Не мислев многу на тоа од каде го купил сè до вчера, додека лежевме во кревет и само од љубопитност го прашав дали е дијамант или муасанит (редок минерал сличен на дијамант).

Искрено, не ми беше важно.

Свршеникот ми рече дека не знаел и дека ќе треба да провери. Кога ѕирнав во неговиот телефон додека проверуваше, видов дека ја отворил апликацијата на онлајн продавницата Temu.

Го прашав дали го купил оттаму и не ми одговори. Го прашав уште еднаш и тој ми рече нешто во стилот ’зарем е важно‘, излезе од спалната и спиеше во дневната.

Цела ноќ бев збунета.

2dechkoto-me-pobara-za-zhena-so-prsten-od-38-dolari-a-zarabotuva-200-000-godishno-mu-kazhav-deka-ne-mi-se-dopagja-03.JPG

Денес одлучив и јас да ја симнам апликацијата на Temu, го пребарав мојот прстен и го најдов – цената му беше 38 долари.

Гневна сум. Свршеникот заработува многу (200.000 долари годишно) и мислам дека можел да потроши малку повеќе за прстен, подобар од тој од Temu.

Дали сум во право што му реков дека не ми се допаѓа прстенот?“

e371f7132a7fc6af607fcb84a3038e3a.JPG

Во коментари, многумина велат дека свршеникот на жената е „кретен“:

„Тешко ми е да ти одговорам бидејќи ако не знаеше од каде е прстенот, дали би била гневна?

Прстените се скапи со причина. Да, дијамантите се преценети, но ако прстенот е изработен од добри материјали, ќе трае целиот живот.

Прстенот што ти го купил тој, ќе се оштети за неколку недели или месеци. Зарем тој не го знае тоа?

Потребни се неколку секунди да се нарача прстен од Temu, а потребно е време и планирање за да се најде совршен свршенички прстен.

Па, мислам дека не е важно колку пари е прстенот, туку што всушност кажува“.

„Жал ми е, но ако има толку ниско мислење за тебе што ти купува најевтин свршенички прстен, можеби треба да го оставиш.

Заработува 200.000 годишно, па дали е можно да има големи долгови? Или да се коцка или дрогира?

Ако не сакал да троши пари на прстен, подобро воопшто да не ти купел“.

„Не е важно колку пари е прстенот, но не е во ред што од сите места на светот, ти нарачал од Temu“.

„Заработува добро, а ти купил прстен од 38 долари. Дали е скржав и за други работи?

Првото нешто што го помислив е дека не сакал да потроши повеќе пари за прстен бидејќи мислел дека бракот нема да трае…“

dechkoto-me-pobara-za-zhena-so-prsten-od-38-dolari-a-zarabotuva-200-000-godishno-mu-kazhav-deka-ne-mi-se-dopagja-07.JPG

Сепак, некои сметаат дека жената претерува и не е во право:

„Значи прстенот бил прекрасен и ти се допаѓал сè додека не ја дозна цената? Колку пари чини прстенот што му го купи ти?“

„И тебе и на семејството ви се допаднал, но штом си ја дознала цената, повеќе не ти се допаѓа. Не си во право“.

„Штом престанал да ти се допаѓа откако си ја дознал цената, тогаш не си во право. Не заборавај дека ќе се венчаш со маж, а не со прстен“.

Што мислите вие?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg