Колку се променил изгледот на супермоделите низ годините?
1960-ти
Во 1960-тите се барале модели без облини, со многу слабо тело и донекаде андрогин изглед.
Најпознатиот модел од овој период е Твиги и според модната индустрија таа го имала совршеното женско тело.
Сепак, овие стандарди неретко биле критикувани бидејќи Твиги била премногу слаба. Истовремено, таа се прославила на 16-годишна возраст, кога била тинејџерка, а не жена.
1970-тит
Ова е периодот кога се појавуваат многу супермодели, но и кога оваа професија станува почитувана и престижна.
Во 1970-тите моделите морале да исполнуваат многу строги стандарди за убавина, како совршено тело и совршено лице.
Моделите секогаш позирале со широки насмевки и еден од главните предуслови биле да изгледаат убаво и без многу шминка.
Шерил Тигс е еден од најпознатите модели од оваа деценија.
1980-ти
Професијата на моделите станува сè побарана и попопуларна и тие почнуваат да ги красат билбордите и да заработуваат милиони, исто како холивудските ѕвезди.
Животот на моделите станува симбол за луксуз и богатство, а строгите стандарди што треба да ги исполнуваат си остануваат.
Овој период почнуваат да се бараат повисоки девојки со совршени тела, како Кристи Бринкли која има 183 сантиметри.
1990-ти
Во 1990-тите се прославуваат Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста и Синди Крафорд кои ги поставуваат стандардите за моделите. Овој период моделите повеќе не се фотографираат само со широка насмевка на лицето.
Оваа деценија моделите стануваат попопуларни и поплатени од холивудските актерки, а ова најдобро го покажува легендарна изјава на Линда Еванџелиста:
„Не стануваме од кревет за помалку од 10.000 долари“.
2000-ти
На почетокот на 21-ви век модната индустрија почна да ги слуша критиките, па постепено почнаа да бараат модели со „поздрав“ изглед и без нарушувања во исхраната.
Истовремено, почнаа да се поставуваат и возрасни граници, односно големите модни куќи повеќе не најмуваат девојки помлади од 16-17 години.
Жизел Бундшен и Адријана Лима се едни од најпознатите модели кои се прославија овој период.
Денес
Конечно почнаа да се прифаќаат сите женски тела, па на модната сцена истапија и плус-сајз моделите како Ешли Греам.
Но, модната индустрија уште е критикувана бидејќи во плус-сајз категорија става жени кои очигледно немаат вишок килограми.
Нормално, уште се популарни и слабите модели како Бела Хадид.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





