Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пркос поради љубов: Судбината на човекот што одбил да ја крене десната рака во име на Хитлер

Ова е тајната на легендарната фотографија: Трагичната судбина на човекот кој бил единствениот кој одбил да го поздрави Хитлер – Август Ландмесер. Речиси 80 години приказната била потоната во заборав за осамениот човек кој одбил да крене рака и да го поздрави Хитлер.

Sudbinata-na-chovekot-sto-odbil-da-ja-krene-desnata-raka-za-Hitler-01.jpg

Идентитетот на човекот, како и причините што го натерале да го направи овој смел, но и самоубиствен потег, главно биле непознати. Неодамна, јавноста дозна за трагичната судбина на оваа храбра индивидуа.

Настанот се случил во 1936 година во Хамбург. Пристанишните работници, собрани по повод лансирањето на новиот германски воен брод, кој се издигнал од пепелта на Големата војна и сиромаштијата во тие години, со ентузијазам го поздравиле својот нов водач Адолф Хитлер со неговиот поздрав – Sieg Heil! (Да живее победата!).

Во воздухот се кренале стотици раце, сите освен една

Август Ландмесер пркосно останал со цврсто прекрстени раце, а неговиот чин на бунт го обиколил светот откако фотографијата била развиена.

Прифатен од Нацистичката партија во Германија за време на 30-тите години на минатиот век, поздравот на Хитлер „Зиг Хајл“ (Да живее победата) бил задолжителен за сите германски граѓани со цел да ја демонстрираат лојалноста кон фирерот, неговата партија и нацијата. Да биде иронијата уште поголема, Август Ландмесер им бил верен приврзаник на нацистите.

Ландмесер ѝ се приклучил на нацистичката партија во 1931 година. Две години подоцна, тој лудо се вљубил во Ирма Еклер, која ја побарал за жена во 1935 година. Единствениот проблем? Ирма била Еврејка.

Sudbinata-na-chovekot-sto-odbil-da-ja-krene-desnata-raka-za-Hitler (1).jpg

Кога било откриено која е вереницата на Август, тој бил протеран од нацистичката партија. Тој и Ирма ја испланирале венчавката без оглед на сè и го поднесле барањето за склучување брак во Хамбург. Поради таканаречените закони на Нирнберг, донесени во септември 1935 година, нивниот брак бил забранет, но парот сепак започнал да живее невенчано. Така го дочекале раѓањето на нивната прва ќерка Ингрид, во октомври 1935 година.

На 13 јуни, 1936 година, се одржал митингот на кој Хитлер лансирал нов брод на морнарицата, додека Ландмесер го следел со скрстени раце. Ова бил тивок бунт на поединец кој не сакал да учествува во колективното лудило што се ширело како зараза во Германија.

Семејството страдало поради нацистичкото лудило

Една година подоцна, во 1937 година, на Август му било доста од Хитлер и нацистите и со своето семејство се обидел да избега во Данска. Бил приведен на границата и обвинет за обесчестување на нацијата и расата.

Околу 12 месеци подоцна, Ландмесер бил ослободен поради недостаток на докази, но му било препорачано да ја прекине врската со Ирма и семејството. Бидејќи одбил да го стори тоа и ги игнорирал желбите и наредбите на нацистите, повторно бил уапсен во 1938 година и осуден на три години затвор, кои ги отслужил во концентрациониот логор, и никогаш повеќе не ја видел жената што ја љубел ниту својата ќеркичка.

Гестапо тогаш ја уапсило и Ирма, која во тоа време била повторно бремена. Таа во затвор родила девојче по име Ирена, по што била испратена во женски концентрационен логор.

Ирма Еклер го испратила последното писмо од логорот во 1942 година, по што се губи секаква трага за неа. Се верува дека е пренесена во нацистички центар за евтаназија каде што била погубена заедно со уште 14.000 лица. Децата – Ингрид и Ирена, биле разделени. На Ингрид ѝ било дозволено да живее со нејзината баба, а Ирена најпрво била испратена во сиропиталиште, а потоа да живее со назначен старател.

Август Ландмесер бил ослободен од затвор на 19 јануари 1941 година. Во февруари 1944 година, тој бил мобилизиран во казнениот вод – 999-тиот африкански баталјон. Тој исчезнал на терен за време на акција и се смета за погинат.

Sudbinata-na-chovekot-sto-odbil-da-ja-krene-desnata-raka-za-Hitler (2).jpg

Правдата сепак стигнува на крајот

Љубовта на Август и Ирма била посилна од сè и сите, и на крајот сепак победила… макар симболично. Во 1951 година, Сенатот во Хамбург законски признал и прифатил дека парот е во брак. Вистината за храбриот човек кој одбил да ја крене раката и да го поздрави Хитлер ја открила неговата постара ќерка Ингрид, која го посветила животот на зачувување на споменот на нејзините родители.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg