Конзерви, коректор - Секојдневни изуми кои постојат благодарение на жени
Понекогаш толку често користиме некои предмети, што ни се чини како да постоеле отсекогаш. Без некои од нив, како системот за централно греење, не можеме ни да си го замислиме животот.
Но, некогаш и овие предмети требало да бидат измислени, а неретко, биле измислувани од жени.
Во продолжение погледнете ги секојдневните предмети кои ги имаме благодарение на жени:
Конзервирање со вакуум – Аманда Џоунс
Во 1872-ра, Аманда Џоунс го измислила методот за конзервирање со вакуум, кој бил наречен „процесот Џоунс“. Методот се користи за складирање храна во сад со вакуум, така што се продолжува нејзиниот рок на траење.
Антибиотици за габични инфекции – Рејчел Фулер Браун
Рејчел била хемичарка од Америка која е заслужна за развивањето на првите ефективни антибиотици против габични инфекции.
Рејчел, заедно со микробиологот Елизабет Ли Хејзен, работела на истражување за габи и бактерии, кое резултирало со откривање на антибиотик против габичните инфекции.
Механички трепкач за автомобили – Флоренс Лоренс
Флоренс Лоренс била филмска ѕвезда, но и личноста која го дизајнирала првиот механички трепкач за автомобили.
Нејзиниот дизајн не вклучувал сијаличка, туку со копче се активирало мало знаме на автомобилот кое сигнализира кон која насока ќе сврти возилото. За жал, Флоренс никогаш не го добила заслуженото признание.
Коректор – Бет Несмит Грам
Во минатото било навистина тешко да ги поправите грешките направени на машина за пишување. Бет сфатила дека уметниците не ги поправаат грешките со бришење, туку едноставно ги покриваат со боја. Па, така ја добила идејата за коректор на печатни грешки.