Конзерви, коректор - Секојдневни изуми кои постојат благодарение на жени
Домашен систем за обезбедување – Мери Ван Британ Браун
Мери живеела во Квинс, Њујорк, каде што стапката на криминал била висока, и не ѝ се допаѓало колку долго ѝ треба на полицијата да стигне до нејзиното соседство. Тогаш, со помош на нејзиниот сопруг, го измислила првиот домашен безбедносен систем.
Системот вклучувал камера поставена надвор, која е поврзана со екран во внатрешноста на домот. Со други зборови, Мери ги измислила безбедносните камери кои денес не ги користат само домаќинствата, туку речиси сите бизниси, установи и слично.
Електронски книги – Ангела Руиз Роблес
Ангела била учителка од Шпанија, која сакала да ја намали тежината на книгите што ги носелe нејзините ученици. Па, таа направила уред кој бил наречен „механичка енциклопедија“, за кој во 1949-та година добила и награда за патент.
На некој начин, овој изум е предвесник на електронските книги.
Модерен градник – Мери Фелпс Џејкоб
Во 1910-та, кога имала 19 години, Мери се подготвувала за бал и се мачела со корсетот што требало да го облечe. Бидејќи корсетот ја повредувал, таа земала две шамивчиња и розова лента, и од нив направила едноставен градник.
Кога девојките на балот и нејзините пријателки забележале колку лесно се движи со новиот градник, и тие го посакале. Набрзо, изумот на Мери се прославил, а нејзините градници се носат и денес.
Првиот систем за греење за автомобил - Маргарет Вилкокс
Маргарет е една од првите жени кои станале машински инженери. Во 1893-та, таа го патентирала нејзиното парно за автомобил, кое се состоело од комора за согорување, сместена на долниот дел од автомобилот, и цевки. Нејзиниот систем го пренасочувал воздухот од моторот кон внатрешноста на автомобилот и така го загревал.
Нејзиниот изум стана основниот систем за модерните парна за автомобили.
Централен систем за греење – Алис Х. Паркер
Во 1919-та, Алис го измислила централниот систем за греење. Нејзиниот дизајн се состоел од печка и цевки низ кои минува топлината. Ова го направило греењето многу поедноставно и им овозможувало на луѓето да ја регулираат топлината во разни делови од куќата ии зградата.
Спирова С. | Црнобело