5 најпознати слики на Густав Климт
Тој е без сомнение еден од најпознатите австриски сликари и омилен кај многу љубители на уметноста.
Густав Климт е познат по своите слики, мурали, скици. Основен објект во делата на Климт е женското тело, а во нив се забележува и директен еротицизам.
Климт не сакал да се социјализира, а во една пригода рекол: Тој што сака да знае нешто за мене – како уметник, треба внимателно да ги погледне моите слики, и во нив да види кој сум јас и што сакам да правам.
Тешко е да се одберат само 5 слики од Климт, но еве го нашиот избор:
1. Бакнежот
Прикажува двајца љубовници во прегратка на поле со цветови. Мажот е наведнат и ја бакнува девојката.
Женската фигура носи шарен фустан и венец од цветови на главата. Затворените очи симболизираат спокој и интимност.
2. Портретот на Адел Блох Бауер I - (исто така познат и како „Дамата во златно“ или „Жената во златно“)
Портретот бил нарачан од Фердинанд Блох Бауер, еврејски банкар и производител на шеќер.
Сликата била украдена од нацистите во 1941 година и прикажана во Австриската галерија „Белведере“. Во 2006 година сликата била вратена на семејството.
Истата година била продадена за 135 милиони долари, во тоа време рекордна цена за една слика.
3. Три доби на жената
Оваа слика прикажува три жени во 3 различни стадиуми од животот: детство, мајчинство и старост.
Се смета дека возрасната жена што го покрива лицето со рака е инспирирана од статуата „Старата куртизана“ на Огист Роден.
4. „Бауернгартен“ (Селска градина)
Слика од „Златниот период“ на уметникот, насликан пејзаж со „изобилство од насади, маргаритки и рози“.
„Бауернгартен“ е продадена на аукција во Лондон за 59 милиони долари, што го прави трето најскапо уметничко дело продадено во Европа.
5. „Портрет на една дама“
Една од најбараните уметнички слики на Густав Климт, која исчезна пред скоро 23 години, беше пронајдена во истата галерија во Италија од која исчезна.
Платното „Портрет на една дама“ од Климт беше откриено во вдлабнатината на еден од надворешните sидови на дворот на модерната галерија „Ричи Оди“ во градот Пјаченца.
Вдлабнатината била заштитена со метална врата и скриена со дебел слој од бршлен.
Ја откриле градинарите кои ги средувале билките во дворот, а потоа го повикале галерискиот персонал.
Сè уште не е јасно што се случило пред 23 години со сликата, која е еден од низата женски портрети што Климт ги насликал кон крајот на неговиот живот од 1916 до 1918 година. Сликата исчезнала во февруари 1997 година.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





