Дали сте слушнале за египетската книга на соништата?
Дали верувате дека преку соништата може да се предвиди иднината? Ако верувате, тогаш не сте единствените. Предвидување на соништата или онеиромантија постои уште од античките времиња.
Египќаните верувале дека одреден знак, или настан во сон, може да ни открие многу информации за иднината. Тие ги користеле пораките од сништата за да лекуваат болести, да донесат важни државни одлуки или да одлучат каде да се изгради храмот. Соништата се сметале за пораки добиени од богови преку кои можеле да ги предвидат катастрофите или поволните настани, па ова толкување било важен дел од нивната култура.
Египетската книга на соништата е зачувана во форма на папируси напишани со хиероглифи. Пронајдена е во египетско село Деир ел-Медина, лоцирано во близина на Долината на кралевите. Секоја страница започнува со вертикална колона од хиероглифи преведени како: „ако човекот види во сон“.
Во секоја хоризонтална линија што следува се опишува сонот, дијагнозата („добро“ или „лошо“) и толкувањето. Прво се наведени добрите, а потоа лошите соништа (опишани со црвена боја).
Генерално, оваа книга содржи 108 соништа кои опишуваат 78 активности и емоции поврзани со секојдневниот живот.
Книгата за соништата некогаш била дел од архивата, а покрај неа биле различни папируси со литературни, магични и документарни дела. Во древниот Египет, свештениците дејствувале како толкувачи на соништата, а честопати толкувањата се правеле врз основа на тоа дали личноста била следбеник на Хорус или Сет.
Египетската книга на соништата, исто така, ја опишува важноста на симболизмот во сонот. Египќаните, како и Грците, ја истакнувале вредноста на смртта и погребот како религиозни пораки кои ги примале од боговите за време на сонот.
Оваа анализа сугерира дека соништата биле силно поврзани со моралот и карактерот на нивната култура. Сликите и активностите во соништата ја претставувале способноста или желбата на човекот да се адаптира на општествените структури од тоа време.
На пример, се сметаше дека религиозните луѓе во своите соништа имаат поголема веројатност да ги видат боговите и да добијат повеќе пораки поврзани со моралните вредности.
Можеме да заклучиме дека египетската книга на соништата била фокусирана токму на верските конотации, а интерпретацијата на соништата имала голема вредност во предвидување на настани.
Иако нивниот пристап кон толкувањето на сонот нема научна основа, нивниот интерес за значењето на соништата останува тема за истражување меѓу психолозите и антрополозите на современиот свет.
Очигледно е дека уште од античките времиња значењето на соништата била една од најфасцинантните теми за дискусија низ целиот свет. Со илјадници години луѓето се фасцинирале од соништата, а разни култури развиле свои традиции поврзани со нивното толкување, кое во денешно време не е многу сменето.
Ашера | Црнобело