Според Google: 10 празнични подароци кои луѓето најмногу ги посакуваат
Не знаете што да им подарите на блиските за Нова година или Божиќ? Mожеби најпознатиот интернет пребарувач го има одговорот на вашата дилема.
Како и секоја година, Google ја состави топ листата со најпосакуваните празнични подароци на интернет корисниците ширум светот.
Врз основа на собраните податоци, издвоени се десет производи кои луѓето најмногу ги пребаруваат во првите две седмици од декември.
Дел од нив ги купуваат за саканата личност, додека останатите посакуваат да ги најдат под нивната елка до крајот на 2017 година.
Можете ли да погодите што се наоѓа на актуелната листа? За дел од желбите, веројатно и ќе се изненадите.
Од облека и обувки, до технологија и луксузни аксесоари, прочитајте ги сите во продолжение:
1. iPhone X (мобилен телефон)
Очекувано или не, најпосакуван е новиот мобилен телефон од Apple. Со подобрените перформанси и елегантниот дизајн, навистина звучи како супер подарок, зар не? Сепак, поради (пре)високата цена, не сме сигурни дека баш сите што го посакуваат – и ќе го добијат на дар.
2. Ugg чизми
Најпознатите „грди“ чизми на светот и понатаму се меѓу најомилените божиќни подароци. Но, тоа е сосема разбирливо. Зимата е студена, а тие се претопли и преудобни.
3. Call of Duty WWII (видео игра)
Високо котира и новата видео игра, која сигурно зазема прво место во мислите на мноштво гејмери. Доколку и вашиот партнер е еден од нив, тогаш дефинитивно ова е вистинскиот избор.
4. Vans патики
Едни од најпопуларните патики на светот имаат и своја зимска верзија. Оттука, не чудете се што токму тие се најдоа на четвртото место од оваа листа.
5. Canada Goose (зимска јакна)
Поточно, моделот Shelburne е тој што се издвојува меѓу десетте најпребарувани производи. Не само што зимската јакна изгледа убаво на фотки, туку топли и нуди заштита од ниските температури. Меѓутоа, изгор е и цената. Чини речиси колку и iPhone X (!).
6. Fenty Beauty (шминка)
Кајли Џенер беше неприкосновена кралица на козметиката во 2016 година. Сепак, годинава една друга ѕвезда се искачи на тронот. Станува збор за Ријана, која со Fenty Beauty доминира на пазарот во 2017-та, но и во срцата на блогерките и вљубеничките во шминка.
7. Nike Air Jordan 11 Retro (патики)
Иако инстантно беа распродадени, вистинските љубители на џорданки и понатаму ги бараат како маѓепсани. A, спремни се да издвојат и над двесте американски долари oд џебот за да ги добијат.
8. JCPenney (празнични пижами)
Ако мислевте дека сте единствените кои посакуваат да бидат во иста пижама со своето семејство/партнер/пријателка, не е така. Се чини дека многумина имаат иста желба – да носат пижами во пар со саканите. Па, комплетите со празнични мотиви се најдоа на осмото место.
9. MVMT (часовник)
Часовниците се секогаш популарен избор за подарок во пресрет на празниците, а брендот MVMT годинава им е омилениот на потрошувачите. Достапни се по цени под 100 американски долари, а со флексибилните ремчиња, на сопствениците им овозможуваат самите да си го дизајнираат својот аксесоар.
10. Hermès Birkin (чанта)
Познатата чанта од Hermès, пак, нема никогаш ни да изчезне од списокот на најпосакувани производи. Помеѓу дамите е статусен симбол за престиж и моќ, но, со ценовниот ранг од 11.900 до 300.000 американски долари, колкумина реално можат да си ја дозволат? Ви се допаѓа ли вам?
Која е вашата празнична желба годинава?
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





