Како тетоважите стареат и се менуваат со текот на времето? (фото)

Можеби вашата тетоважа изгледа совршено, но сте се запрашале ли некогаш како би изгледала кога ќе остарите?

kako-tetovazite-stareat-i-se-menuvaat-so-tekot-na-vremeto-001.jpg

На следните фотографии се претставени промените кои настануваат кај тетоважите со текот на времето.

Постојат многу причини зошто тоа се случува.

На пример, типот на мастилото кое се користи претставува важен фактор дали тетоважата ќе има пократок или подолг рок на траење.

Исто така големо влијание има и местоположбата на тетоважата. Тетоважите на рацете или прстите кои се поизложени на активност побрзо ќе избледат во споредба со оние кои се наоѓаат на грбот или на градите.

Еден од начините како подолготрајно да ја одржите свежината на вашата тетоважа е следењето на процедурите за правилно одржување.

Професионални тату артисти ќе ви дадат совети кои е пожелно да ги практикувате. Исто така избегнувајте пречесто да ја допирате тетоважата, бидејќи тоа може да допринесе за промена на бојата и појава на инфекции.

Доколку имате нова тетоважа избегнувајте ја директната сончева светлина, а  и во подоцнежните фази при истакнување на сонце користете крема со највисок заштитен фактор.

Сепак, колку и да се трудите, ништо не останува непроменето:

Извор

Би можело да ве интересира:

5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Традиции за Кинеска нова година кои се верува дека носат среќа (и вреди да ги пробате) Исчистете го домот, но еден ден пред Кинеската нова година, за да не ја избркате...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
5 скриени причини зошто се чувствувате несреќно и под стрес Дали си задавате премногу обврски во текот на денот, па немате време да ги заврш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg