5 скриени причини зошто се чувствувате несреќно и под стрес

Дали си задавате премногу обврски во текот на денот, па немате време да ги завршите сите? Можеби затоа постојано сте под стрес и се чувствувате несреќно.

5-skrieni-prichini-zoshto-se-chuvstvuvate-nesrekjno-i-pod-stres-01.jpg

Обично мислиме дека причината зошто сме несреќни или под стрес е очигледна, како проблеми на работа или со партнерот.

Сепак, постојат и скриени работи на кои обично не би помислиле.

Па, ако немате објаснување за негативните емоции, можеби се соочувате со нешто од следниве проблеми:

Немате време за сите ваши обврски

Дали дури и кога цел ден сте биле продуктивни, сепак се чувствувате несреќно и незадоволно од себе?

Тогаш размислете дали можеби си задавате премногу обврски во текот на денот.

Речиси невозможно е во еден ден да отидете на работа, да зготвите ручек и вечера, да одите во теретана, па и да направите генералка во домот.

Ако ова е вашиот проблем, почнете да си правите листи со обврски.

Најпрво одредете што ви е приоритет, па потоа реалистично размислете за кои други обврски ќе имате време во текот на денот.

Не мора сè да направите во еден ден, туку распоредете ги обврските во текот на неделата.

5-skrieni-prichini-zoshto-se-chuvstvuvate-nesrekjno-i-pod-stres-02.jpg

Не одвојувате време за себе

Кога сте преплавени со обврски, веројатно не ни помислувате да одвоите време за себе.

А, можеби дури и чувствувате вина ако се релаксирате и не сте продуктивни.

Важно е да знаете дека одморот и времето за себе се неопходни.

Не мора веднаш по работа да трчате да завршите со сите други задачи, туку дајте си време да одморите.

И, барем еднаш неделно правете нешто што ве релаксира и ви причинува задоволство.

Не спиете доволно

Можеби не се чувствувате поспано и уморно, но ако спиете по едвај пет-шест часа навечер, секако дека ќе има последици.

Некогаш тие последици се чувство на тага и поголема чувствителност на стрес.

Не треба да го запоставувате спиењето бидејќи може да се одрази и на физичкото, и на менталното здравје.

5-skrieni-prichini-zoshto-se-chuvstvuvate-nesrekjno-i-pod-stres-03.jpg

Осамени сте

Само затоа што постојано сте опкружени со луѓе или имате партнер, не значи дека е невозможно да сте осамени.

Размислете како се чувствувате во друштво на вашите пријатели или партнерот – дали ве слушаат кога зборувате, дали можете да се потпрете на нив…

Ако не можете да одговорите потврдно на ваквите прашања, можеби ви требаат позначајни врски во животот.

Доколку никако не можете да се ослободите од ова чувство, слободно разговарајте и со професионалец.

Не живеете во сегашноста

Можеби постојано сте загрижени за она што ќе се случи утре или по неколку години.

А, можеби и постојано мислите на некои грешки од минатото, па никогаш не сте присутни во сегашниот момент.

Ова, секако, ќе резултира со негативни емоции, како тага и анксиозност.

Кога ќе забележите дека мислите ви залутале во некое друго време, пробајте да се фокусирате на сегашноста и на она што го првите во моментот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg