Трикови за отстранување дамки: Пена за бричење за дамки пудрa
Понекогаш малите речиси незабележливи дамки можат целосно да го уништат изгледот на облеката, но едноставно не сакате да ја фрлите, бидејќи без таа дамка, сè е во ред со нив.
Неколку трикови по кои облеката нема веднаш да ја фрлите, туку ќе се обидете да ја отстраните дамката која го уништила нејзиниот изглед:
1. Дамки од пот
Направете паста од една лажица вода и три лажици сода бикарбона и мешајте додека целата смеса убаво не се соедини.
Нанесете тенок слој на областа каде се наоѓа дамката. Употребете четка за заби за убаво да ја истриете пастата на облеката и оставете ја да отстои еден час. Ако дамката сè уште се забележува, оставете ја да отстои и преку ноќ.
Измијте ја облеката со максималната температура на која може да се мие. Некои дамки може сè уште да се познаваат, но по неколку пати повторување на постапката, можете да ги отстраните и најтврдокорните дамки.
2. Дамки од пудра за лице
Овие дамки не можете лесно да ги отстраните, но можете да употребите две ефективни методи: пена за бричење или средство за миење на садови.
3. Заглавен патент
Како за вториот, така и за овој проблем, постојат две решенија. Ако имате дома мрсни или графитни боички, кои треба да ги нанесете на делот каде е заглавен патентот.
Ако боичките не ви помагаат, употребете сапун или гел за миење на раце.
4. Топчиња памук од самата облека
Постојат многу начини како можете да се ослободите од топчињата. Еден е да употребите жилет, скалпел, леплива трака за облека, пластичен чешел или електричен брич.
5. Дамки од дезодоранс
Обидете се со омекнувач за облека, така би требало веднаш да ја отстраните дамката, ако овие дамки постојано ви се појавуваат, најдобро би било да го смените дезодорансот.
Уште 5 совети на следната страна...