Две умреле под мистериозни околности – Кои биле љубовниците на Кенеди и колку пари добила Џеки за да молчи?

Американските медиуми пишувале за аферите на претседателот Џон Ф. Кенеди уште пред неговата смрт. А, се верува дека тој стои зад смртта на две од неговите љубовници, со цел да си ја спаси репутацијата - едната од нив е Мерилин Монро.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-01.jpg

Гласините за аферите на 35-тиот претседател на САД кружеле уште пред неговата трагична смрт во 1963-та.

Кенеди и неговата сопруга Џеки беа во брак десет години, односно до неговата смрт, а во тој период претседателот имал многу љубовници.

Дури и денес има жени кои тврдат дека спиеле со претседателот.

Дел од жените кои наводно биле негови љубовници:

Џудит Екснер

Џудит Екснер е една од попознатите љубовници на претседателот бидејќи тврдела дека останала бремена од него, но абортирала.

Екснер пишувала за аферата во нејзините мемоари од 1977-ма, а подоцна позната американска колумнистка изнесе повеќе детали.

Според колумнистката, Џеки Кенеди не била воопшто изненадена од аферата.

„Нејзините пријатели ми кажаа дека Џеки знаела буквално сè за Џудит Екснер и сите останати, а ги читала моите колумни (за претседателот) со голем интерес“, има изјавено колумнистката.

Џудит Екснер починала во 1999 година од рак на дојката.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-02.jpg

Мерилин Монро

Мерилин Монро е дефинитивно најпознатата љубовница на Кенеди.

Гласините за нивната афера се разгореле откако таа му ја испеала Happy Birthday на донаторска вечера во 1962 година.

Покрај тоа, по вечерата тие биле фотографирани на забава во домот на филмскиот продуцент Артур Крим.

Интересно е што оваа фотка беше објавена дури во 2010-та и е всушност единствената фотографија од нив двајцата.

До денес постојат теории на заговор дека Кенеди е одговорен за смртта на актерката која мистериозно се предозирала на само 36-годишна возраст.

Наводно, Кенеди сметал дека нејзината нестабилност била постојана закана за угледот на претседателот.

Според гласните, или Кенеди или неговиот брат – Боби Кенеди – имаат удел во смртта на Мерилин.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-03.jpg

Мери Пинкот Мејер

Мери била сестра на познат уредник на Washington Post – Бен Бредли – кој има откриено дека таа детално ја опишала аферата со претседателот во нејзиниот дневник.

Во 2016-та, во јавноста се појави и рачно напишано љубовно писмо кое Кенеди ѝ го испратил на Мери, што за многумина е доволен доказ дека имале афера.

Во писмото, претседателот ја моли Мери да оди да го види во Бостон.

„Знам дека не е паметно, нерационално и дека можеби ќе го мразиш (Бостон), но од друга страна, можеби и ќе го сакаш“, пишува во писмото.

Најбизарно во целата ситуација е што и Мери, исто како Мерилин Монро умрела под мистериозни околности.

Во 1964-та, таа била застрелана двапати, а до денес не е познато кој бил убиецот.

Поради ова, постојат шпекулации дека Кенеди го нарачал и нејзиното убиство.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-04.jpg

Мими Алфорд

Мими Алфорд била асистентка во Белата куќа во 1962-ра, а тврди дека тогаш ја почнала аферата со претседателот која траела 18 месеци.

Во 2012 година, Мими издаде мемоари во кои детално ја опишува аферата.

Според неа, претседателот бил многу привлечен, но не сакал сериозна врска која би го заменила бракот со Џеки.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-05.jpg

Џил Кован

Џил Кован била секретарка во Белата куќа и честопати го придружувала Кенеди на официјални патувања.

Таа самата никогаш не зборувала за аферата, па сè што е познато се само шпекулации.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-06.jpg

Присила Веар

И Присила била вработена во Белата куќа, а наводно Џеки била свесна за аферата со претседателот.

Според некои извори, Џеки за Присила дури имала изјавено:

„Ова е жената која спие со мојот сопруг“.

dve-umrele-pod-misteriozni-okolnosti-koi-bile-ljubovnicite-na-kenedi-i-kolku-pari-dobila-dzheki-za-da-molchi-07.jpg

На следната страница зошто Џеки молчела за аферите…



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg