Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ученичка со оправдување за ненапишана домашна кое може да се прогласи за најуникатно

Многу ученици имаат различни, понекогаш сосема бизарни и смешни, оправдувања за заборавената домашна задача, а малечката Меди веројатно е ученичка со најдоброто оправдување.

ucenicka-so-opravduvanje-za-nenapishana-domashna-koe-moze-da-se-proglasi-za-najunikatno-01.jpg

Според објавата на Фејсбук од страна на корисникот Лене Кауфман, дедото на малата Меди е шведскиот научник Томас Линдал кој имаше прилично важна информација за своето семејство.

Токму поради таа информација, веројатно Меди немала време за домашната.

Линдал ја освои Нобеловата награда за хемија, па целото семејство очигледно ја славело радосната вест.

Од таа причина, родителите на Меди на Imgur јавно ја објавија пораката која ја напишале на учителките на Меди, во која отворено ги замолуваат да и дадат уште еден ден за да ја заврши својата домашна задача.

ucenicka-so-opravduvanje-za-nenapishana-domashna-koe-moze-da-se-proglasi-za-najunikatno-2.jpg

„Ве замолуваме да и дадете уште еден ден на Меди за да ја заврши својата домашна задача. Имавме голема семејна вест и не внимававме на нејзините обврски. Нејзиниот дедо доби Нобелова награда за хемија“ – така гласи пораката која ја добиле учителките на Меди.

Веројатно по ова добила можност да ја напише својата домашна задача.

Би можело да ве интересира:

5 ситуации во кои не треба да ја игнорирате интуицијата Ако нешто ви вели дека сте во опасност, дури и ако сметате дека се наоѓате во бе...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци ...
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...
6 работи што луѓето со анксиозност сакаат да ги разбереме Не можат да се ослободат од анксиозноста со позитивно мислење и доста често нема...
7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации) Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg