Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист
Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци со повеќе од 3,5% алкохол може да се купат само во продавници во сопственост на државата.
Шведска секогаш котира високо на ранг-листите за најсреќни држави во светот, па сигурно можеме да научиме многу од тамошните луѓе.
Доброто здравство и квалитетното образование им се достапни на сите, а и рамнотежата меѓу професионалниот и приватниот живот е особено важна.
Неколку детали за животот на Швеѓаните:
Шведска е земја во која најретко се користи кеш
Бројни продавници, музеи и ресторани во Шведска денес не прифаќаат кеш, туку само плаќање со картичка.
И, ова е една од европските земји со најмал број банкомати.
Децата јадат благи работи само во сабота
Во Шведска, децата главно јадат благи работи, како чоколадо, лижавчиња и слично, само во сабота.
Швеѓаните имаат и збор за оваа традиција – Lördagsgodis.
Традицијата почнала како препорака од заболекарите кои забележале зголемен број на случаи со кариес кај децата.
Па, предлогот да се јадат слатки само во сабота станал популарен и се претворил во традиција за многу шведски семејства.
Студентите во Упсала имаат чудна и смешна традиција
Во шведскиот град Упсала има населба – Flogsta – во која главно живеат студенти.
И, од 1970-тите, тие имаат традиција – секоја вечер во 10 часот, викаат на цел глас поради стресот од студиите.
Интересно е што постојат многу приказни за потеклото на традицијата и никој не знае која е точна.
Имаат многу строги забрани за алкохол
Како кај нас, и во Шведска малолетните лица не смеат да нарачаат алкохол во локал.
Но, ако сакате да купите од продавница, мора да имате над 20 години.
Исто така, пијалаците со повеќе од 3,5% алкохол се продаваат само во продавници познати како Systembolaget кои ги поседува државата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





